Македонија

Пленковиќ: Спорот со Бугарија е главна пречка во евроинтегрирањето на Македонија! Хрватска ќе помогне да се надмине!

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ оцени дека Македонија бележи напредок во исполнувањето на критериумите за членство во Европската Унија, но нагласи дека спорот со Бугарија и натаму останува главна пречка во евроинтегративниот процес. На заедничката прес-конференција во Охрид со премиерот Христијан Мицкоски Пленковиќ изјави дека по изборите во Бугарија се очекуваат првите конкретни чекори и контакти меѓу Скопје и Софија. 

Пленковиќ посочи дека Хрватска внимателно го следи дијалогот меѓу двете земји и ќе продолжи да помага во надминувањето на пречките што постојат во процесот. Тој се осврна и на иницијативата поврзана со нон-пејперот на германскиот канцелар Фридрих Мерц за идното проширување на Унијата, оценувајќи дека размислувањата во Берлин, пред сè, се насочени кон европската перспектива на Украина.

Според него, не смее да има селективен пристап во процесот на проширувањето. „Не може да има кратенки за едни, а бавност за други.“ – истакна Пленковиќ, нагласувајќи дека сите земји-кандидати треба да бидат третирани според истите принципи.

Тој додаде дека идните модели на европска интеграција и на институционално приближување ќе бидат тема на претстојните самити во Црна Гора и во Брисел. Пленковиќ посочи дека Хрватска останува на ставот дека проширувањето мора да се засновува врз на индивидуални заслуги, но и на рамноправен третман на сите држави-кандидати.

Најнови вести од: Македонија

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

To top