Македонија

Претседателката со порака: Курбан Бајрам ги промовира вредностите на човечност

Преку љубовта и грижата за ближниот, дури и во услови на разлики и предизвици, се гради интегрирано општество, каде различностите претставуваат предност и мост за единство, порачува претседателката на Македонија

Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам до поглаварот на Исламска верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи, како и до сите верници од исламска вероисповед.

Во честитката, таа им посакува празникот да го поминат во мир, радост и семејна благосостојба, нагласувајќи дека големите празници имаат силна духовна и општествена димензија, особено во време на неизвесност и недоверба.

Сиљановска-Давкова истакнува дека Курбан Бајрам, преку симболиката на дарување и пожртвуваност, ги промовира вредностите на човечност, емпатија, солидарност и одговорност кон другиот.

„Преку љубовта и грижата за ближниот, дури и во услови на разлики и предизвици, се гради интегрирано општество, каде различностите претставуваат предност и мост за единство“, истакнува претседателката во честитката..

На крајот од честитката, претседателката им упатува искрени желби за среќен Курбан Бајрам.

Верниците од исламска вероисповед го слават празникот Курбан Бајрам

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

Сиљановска-Давкова порача дека талентот треба да се препознава, негува, стимулира и наградува, а младите да ги „инфицираат“ и другите околу себе со љубов кон знаењето и науката

Премиерот Мицкоски: Нема да прифатиме услови што ги прифати претходната влада

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата останува на ставот дека нема да прифати безусловни уставни измени според условите што ги прифатила претходната влада, оценувајќи дека тоа не претставува реформа.

To top