Македонија

Територијални стремежи кон РМ: Албанскиот ексминистер се заканува дека „албанскиот дел на РСМ ќе се обедини со Албанската федерација“, а „бугарскиот дел со Бугарија“!

„Адвокатот Спартак Нѓела реагираше со остра објава во врска со албанското прашање на Балканот, изјавувајќи дека ‘доаѓа албанска федерација со пет албански држави’. Нѓела, кој е поранешен министер за правда на Албанија навел тврдење: ‘Словенските освојувачи се чувствуваат исплашени, но Западот и Соединетите Американски Држави се за независност на албанска С.Македонија, на сите Албанци, бидејќи бугарскиот дел од С.Македонија зборува за негово обединување со Бугарија!“- објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.

Натаму, ИНА наведува: „Според Нѓела, Албанците во С.Македонија се кренаа за да го бранат албанскиот јазик и националниот идентитет, додека тој тврди дека меѓународната поддршка за политички промени во регионот расте. Тој ја спомена и идејата за албанска федерација што би ги вклучувала Албанија, Косово, Чамерија, С.Македонија и Северен Епир, завршувајќи ја пораката со повикот: „Почекајте и видете!“.

„Албанското прашање како албанска унија на пет албански држави доаѓа. Албанците во С.Македонија се кренаа за албанството и албанскиот јазик. Сè покажува албанска национална сила и јасност во нивното барање за независност. Што е со Албанците? Албанскиот дел од С.Македонија, со името С.Македонија се смета дека ќе се обедини со државата Косово. И затоа се подразбира дека Албанската федерација доаѓа со пет албански држави: Албанија, Косово, Чамерија, С.Македонија и Северен Епир.“- навел Спартак Нѓела, цитиран од ИНА во неговата изјава од Тирана, која содржи директни закани за територијалниот интегритет на Република Македонија од позиции на великоалбанскиот сепаратизам.

Најнови вести од: Македонија

Асоцијациите АПИС и АСОМ бараат јавна расправа во Собрание

Легалните објекти не се закана за младината, туку популизмот, кој затворајќи го овој економски сектор ќе ги направи младите лесен таргет на незаконските играчници, на кои државата ќе нема контрола, соопштија асоцијациите на приредувачите на игри на среќа АПИС и АСОМ кои побараа јавна расправа за новиот предлог-закон.

Светскиот тенор Хосе Карерас ќе настапи во Скопје по повод 35 години независност

Славниот шпански тенор Хосе Карерас и некои од најпознатите македонски музичари ќе настапат на плоштадот Македонија во Скопје на 1 септември во рамките на одбележувањето на 35 години независност на Македонија. Како и настапот на Дејвид Гета на стадионот „Тоше Проески“ на 8 септември, и настанот насловен „Хосе Карерас и македонскиот ол-старс“ ќе биде отворен за јавност.

Градежните пропусти: Да се преевалуираат сите процедури за градба, бараат надлежните

По свлечиштето на градилиште во Општина Центар е одржан кризен состанок и се донесени интервентни мерки. Градежните експерти советуваат затрупување на градежната јама за да се спречи дополнително свлечиште. Констатирале дека нема доволно инспектори и стручен надзор.

Македонија високо позиционирана според конкурентноста и иновациите во регионот

Македонија добро позиционирана според конкурентноста и иновациите. Сите македонски региони се рангирани во топ 20 во регионот, а најдобри резултати покажале скопскиот и југоисточниот регион – покажа истражувањето на Центарот за истражување и креирање политики. Главни двигатели на иновациите и знаењата се странските инвеститори кои користат високи технологии.

(Видео): Што најмногу запленува царината – пари, акцизна стока, дрога, филери, ботокси?!

За заплената на половина милион евра, директорот истакна дека ова е најголема историска заплена на кеш пари од формирање на Царинската управа која се должи исклучиво на професионалноста на мобилниот царински тим.

To top