Македонија

Никотински фластери и гуми за џвакање наскоро достапни со рецепт

Дури 45% проценти од македонското население се активни корисници на тутунски производи, а годишно приближно околу 12 илјади умираат од болести каде пушењето може да биде причина

 

Матичните лекари во иднина ќе можат да препишуваат никотински фластери и мастики како помош при откажување од пушењето.

Надлежните институции најавија координирани активности со цел овие производи да станат подостапни за граѓаните и полесно да се користат во процесот на откажување од тутунот.

Секое осмо македонско дете на 13 годишна возраст е пушач

Од Светската здравствена организација предупредуваат дека зависноста од никотин се повеќе ги погодува младите. Претставникот на СЗО, Аким Али, посочи дека 14 проценти од младите користат тутунски производи, додека околу 9 проценти користат електронски цигари.

Според него, новите никотински производи се дизајнирани да бидат привлечни за младата популација преку модерни пакувања, различни вкусови и агресивен маркетинг.

„Зад впечатливите бои и слатките ароми стои јасна стратегија – создавање долгорочна зависност кај младите“, предупреди Али.

Податоците од Институтот за јавно здравје и СЗО покажуваат дека состојбата во земјава е сериозна. Истражување спроведено во 2023 година покажало дека дури 45,4 проценти од возрасните во Македонија се активни пушачи, додека Европската унија си постави амбициозна цел: до 2040 година помалку од 5 отсто од населението да употребува тутун.

Проблемот не се одразува само врз здравјето на населението, туку и врз економијата. Според проценките на СЗО, употребата на тутун ја чини државата околу 38 милијарди денари годишно преку здравствени трошоци и намалена продуктивност.

Овие информации беа споделени по повод одбележувањето на Светскиот ден без тутун, кога институциите повторно апелираа за поголема свест и мерки против пушењето.

Најнови вести од: Македонија

Царинските службеници опремени со телесни камери

Системот на телесни камери за царинските службеници, обезбеден преку Меѓународната програма за обука и помош при водење криминалистички истраги (ICITAP), во рамките на кривичниот оддел при Министерството за правда на САД, денеска официјално беше промовиран на граничниот премин Табановце

Стратегијата за вештачка интелигенција треба да биде донесена до крајот на годината

Планираме и ние во втора фаза, покрај дата-центарот, да изградиме и фотонапонска централа, со која од 30 до 40 проценти од потрошувачката на електрична енергија ќе ја искористиме од фотонапонската централа – изјави Андоновски

Користење фосилни горива во Европа и Македонија

Македонија емитува околу 6,6 до 7,3 милиони тони CO2 во апсолутен износ на годишно ниво. Кога оваа бројка ќе се подели со бројот на жители, се добиваат емисиите на СО2 во тони по жител на годишно ниво и тие изнесуваат 3,5 до 3,6 тони, а тоа е значително подобро од просекот на ЕУ кој изнесува околу 5,5 тони, пишува во колумна професорот Ристо Цицонков.

To top