Бизнис

Владата ги намали давачките за суровини до дури 70%

Владата најави дополнително намалување на царинските стапки за суровини и полупроизводи, со што се зголемува конкурентноста на домашните и странските инвеститори и се усогласува системот со ЕУ.

Владата донела одлука за дополнително намалување и усогласување на царинските стапки за полупроизводи и суровини, со цел зголемување на конкурентноста на домашните и странските инвеститори во земјата, изјави премиерот Христијан Мицкоски. По отворањето на трговскиот центар „Mega Shopping Park“ во Гевгелија, Мицкоски појасни дека со новата мерка се проширува списокот на суровини и репроматеријали со намалени царини, со што се продолжува претходниот процес на усогласување.

  • Донесовме одлука со која се зголеми обемот на полупроизводи и суровини кои ги користат производителите и извозниците во Македонија. Претходно имавме усогласување на околу 50 проценти, а сега дополнително уште 20 проценти, односно вкупно до 70 проценти. Со тоа ги правиме нашите извозници и домашни и странски инвеститори поконкурентни. Тоа е целта на ова усогласување – изјави Мицкоски.

Министерството за финансии вчера информира дека намалувањето на царинските стапки опфаќа 70 суровини, репроматеријали и компоненти што се користат во домашните производствени капацитети за производство на високо финални производи, а целта е да се зголеми извозната конкурентност на македонската индустрија.

  • Владата го усвои Предлогот за измена на Законот за царинска тарифа, со кој се врши дополнително намалување на царинските стапки и нивно целосно усогласување со стапките за тие стоки кои се применуваат во Европската Унија. Овие измени претставуваат продолжение на минатогодишните законски измени кои стапија на сила на 1 јули 2025 година, кога беше извршено намалување на царинските стапки до 50 отсто од нивото на царинските стапки што важат во Европската Унија – наведе Министерството.

Најнови вести од: Бизнис

Цената на нафтата надмина 100 долари за барел

Новите случувања дополнително ги засилија стравувањата за безбедноста на Ормускиот теснец, преку кој се транспортира околу една петтина од светската потрошувачка на нафта, што дополнително ги поттикна цените на светските пазари.

Најнови вести

To top