Регион

Бугарија очекува казна од ЕУ за лажење за буџетскиот дефицит заради влез во еврозоната

Премиерот Радев ги информира колегите од Владата дека ЕК ќе покрене постапка за дефицитот поголем од 3 отсто лани

Бугарскиот премиер Румен Радев со лоша вест за колегите од Министерскиот совет пред денешната седница, објавија медиумите кај источниот македонски сосед.

„Лошата вест е дека на 3 јуни, следната недела, Европската комисија ќе објави извештај со кој ќе се покрене постапка за прекумерниот дефицит на Бугарија. Нашиот дефицит е над 3 проценти и ќе бидеме предмет на редовно следење со санкции“, им рече тој.

Според поранешпниот претседател на Бугарија, дефицитот минатата година бил далеку над 3 отсто, а неговите претходници на премиерската функција лажеле заради влез во еврозоната. Истовремено, тој најави дека буџетскиот дефицитгодинава ќе биде уште поголем.

„Меурот пукна и ова е тешкото наследство што го добивме. Некои беа научени да бидат финансиери на наш грб, декапитализираа државни компании, исцицаа бизниси, земаа даноци за да ги прилагодат табелите во Excel, а други ги зголемија трошоците со несоодветни јавни набавки, го ограбија и го испразнија буџетот. Сега доаѓа време за тешки прашања и ЕК ќе нè праша зошто некои луѓе ја излажаа?“, објасни Радев.

„Сега ние, како влада, ќе бараме одговорност за кражбите и грабежите. Ќе направиме сè што е можно во наредните години за да го доведеме буџетот во нормални граници“, нагласи тој.

Минатата седмица ЕК објави прогноза дека буџетскиот дефицит на Бугарија годинава ќе достигне 4,1 проценти, а в година 4,3 отсто.

Според критериумите од Мастрихт, еден од клучните услови за влез во еврозоната е буџетскиот дефицит да не надмине 3 проценти.

Најнови вести од: Регион

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел порака: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и С.Македонија, обете на распоредот на Урсула фон дер Лаен , заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“ во својата анализа со наслов „Западниот Балкан надежно ги застапува своите ставови“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека „ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина“!

Атина и Софија потпишаа Меморандум за враќање на 48 реликвии во Грција и пренесување на останките на цар Самоил во Бугарија

Меморандум за разбирање со кој во Грција се враќаат 48 реликвии од два грчки манастири и од една црква што над 100 години биле изложени во Националниот историски музеј во Софија, а Грција ќе ѝ ги предаде на Бугарија останките на цар Самоил, потпишале денеска министрите за култура на двете земји, Лина Мендони и Евтим Милошев, јави дописничката на МИА од Атина.

Стерјовски на Самитот за мир во Тирана: Нашите идентитети не треба да бидат ѕидови што нè делат, туку мостови што нè поврзуваат“

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, учествуваше на Меѓународниот самит за мир, што се одржа во Тирана, посветен на темата „За верскиот соживот во Албанија“. Тој истакна дека верскиот соживот претставува една од значајните вредности на албанското општество, која треба да се зачува и да им се пренесе на идните генерации.

To top