Македонија

Мицкоски: Се додека сум јас премиер и додека не видиме испорака од нивна страна, ние нема да се поместиме ниту милиметар

Мицкоски посочи дека на маса стојат најмалку 14 пресуди од Европскиот суд за човекови права во Стразбур кои остануваат неизвршени.

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија мораат да бидат двонасочен процес и дека Скопје нема да отстапи од своите позиции сѐ додека не види конкретни резултати од бугарска страна.

Реагирајќи на изјавата на бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова, дека Македонија треба да бара решенија, а не проблеми, Мицкоски истакна дека е загрижен од почетокот на работата на новата бугарска влада. Сепак, тој изрази надеж дека со текот на времето ќе надвладее рационалниот пристап.

Премиерот потсети дека Бугарија моментално се соочува со сериозни внатрешни предизвици, меѓу кои економски проблеми, висока инфлација и буџетски дефицит, што, според него, влијае и на актуелните теми поврзани со Македонија.

Тој повтори дека македонската страна постојано нуди решенија, но дека Бугарија не ги почитува преземените обврски. Мицкоски посочи дека на маса стојат најмалку 14 пресуди од Европскиот суд за човекови права во Стразбур кои остануваат неизвршени.

„Нема да прифатиме уцени и булинг во процесот на евроинтеграции. Европските вредности мораат да важат подеднакво за сите“, нагласи премиерот.

Мицкоски беше категоричен дека Владата нема да попушти:

„Сѐ додека сум јас премиер и додека не видиме испорака од нивна страна, ние нема да се поместиме ниту милиметар.“

Најнови вести од: Македонија

Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби

Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Македонија на посетителите им претставува дел од своето богато и повеќеслојно културно наследство, како и современата книжевна продукција

Модернизиран команден центар, „Безбеден град“ ставен во функција во Велес

Новиот команден центар е сместен во целосно реконструирани и реновирани простории кои во минатото биле користени од Министерството за одбрана, а потоа околу 15 до 20 години не биле во употреба. Со нивното ставање во функција, СВР Велес добива современ простор од кој се реализираат активностите поврзани со системот „Безбеден град“

Крст во чест на 63-те жртви од „Пулс“ поставен на влезот во Кочани

Овој крст ќе нè потсетува и на болката и трагедијата што се случи овде во нашиот град. На повредените нека им подари здравје, сила и поткрепа да закрепнат и дај Боже постојано да останеме во заедница, во љубов со Бога, со силата на крстот

СДСМ бара истрага за 5,5 милиони евра за прославата

Пет милиони евра народни пари кога ќе се потрошат, граѓаните мора да знаат секој денар, секое евро каде завршило. Владата мора да ги објави договорите, анексите, фактурите, банкарските исплати, примателите, изведувачите, добавувачите и пресметаните даночни обврски

Мицкоски: Потврдувањето на кредитниот рејтинг од страна на „Фич“ е уште една лоша вест за опозицијата

​Три години водат кампања дека секоја година само што не сме банкротирале, буџетот бил без пари, економијата назадувала и така натаму. ​Одговорите стигаат од сите страни, од Светска банка, од Меѓународниот монетарен фонд, еве и од сега од реномирани кредитни агенции како што е „Фич“

To top