Свет

ЕУ постигна договор: Им нема спас на формално протераните мигранти

Четири од пет протерани мигранти успеваат да останат во ЕУ со сегашните правила

Европскиот парламент и земјите-членки на ЕУ постигнаа политичка согласност за новата Регулатива за враќање (Return Regulation).

Ова е важен чекор кон враќањето на контролата врз миграциската политика, со значително зајакнување на механизмите за депортација на лица кои немаат право да останат во Европа.

„Премногу долго Европа имаше систем во кој наредбите за враќање рутински се игнорираа“, изјави Франсоа-Ксавиер Белами, пратеник од групата ЕПП и главен преговарач за оваа регулатива.

„Да бидеме јасни: четворица од петмина државјани на трети земји кои добиле формална одлука за враќање од земја-членка не ја напуштаат територијата на ЕУ. Тоа не е функционален систем. Тоа е неуспех. Денеска го завршуваме тоа со олеснување на враќањата, продолжување на роковите за притвор, отстранување на автоматскиот суспензивен ефект на жалбите и со обезбедување правна рамка за центри за враќање во трети земји“, додаде Белами.

Новата регулатива ја заменува застарената Директива за враќање од 2008 година и им дава на земјите-членки посилни алатки за спроведување на одлуките за враќање.

Клучни новини во новиот предлог се:

Воведување на единствен Европски налог за враќање, кој ќе овозможи меѓусебно признавање и спроведување на одлуките низ цела Европа;

Продолжување на периодите на притвор;

Отстранување на автоматското суспендирање на постапките поради жалби;

Правна основа за создавање на „хабови за враќање“ во трети земји;

Поголеми санкции за несоработка;

Специјални мерки за лица кои претставуваат безбедносен ризик;

Намалување на ризикот од бегство.

„Со години Европа испраќаше најлоша можна порака: дури и ако немате право да останете, големи се шансите ништо да не се случи. Тоа време завршува. Ако немате право да останете во Европа, ќе морате да си заминете“, истакна Белами.

„ЕПП ветуваше враќање на контролата врз миграцијата. Денеска доставуваме конкретни правила со реални последици. Со овој нов закон ја комплетираме последната столб на Пактот за миграција и им даваме на земјите-членки алатки за спроведување на нашите миграциски закони. Миграциски систем без ефективно враќање е систем без кредибилитет“, вели Томас Тобе, потпретседател на групата ЕПП и главен преговарач на Европскиот парламент за Пактот за миграција.

Договорот сега ќе оди на формално одобрување во Европскиот парламент и Советот на ЕУ.

Најнови вести од: Свет

Трамп го спаси Бејрут од израелски напад по жестока кавга со Нетанјаху

Според Аксиос, разговорот на Трамп со Нетанјаху бил скандалозен, полн со пцовки. Според изворите, Трамп рекол нешто како: „Ти си целосно луд. Без мене, ќе беше во затвор. Те спасувам. Сите те мразат сега. Сите го мразат Израел за ова.“

Топлотниот бран во Велика Британија усмрти 17 луѓе

Во изминатите осум дена во Велика Британија измерени се високи температури на воздухот, поради што граѓаните се разладуваа во морето. Смртни случаи регистрирани се во Јужен и Западен Јоркшир, Корнвол, Хемпшир, Ворикшир, Чешир, Пембрукшир, Линколншир и Ланкашир

Норвешкиот МНР тврди дека Осло го преиспитува односот со ЕУ и можноста за членство

Министерот за надворешни работи на Норвешка, Еспен Барт Ајде, денеска изјави дека земјата повторно го преиспитува својот однос со Европската Унија поради променетите глобални околности и растечкото влијание на политиките на САД и Кина, додека сè повеќе расте притисокот, по двата неуспешни референдуми, да се покрене нова дебата за можното членство во блокот

To top