Македонија

Партиските другари во одбрана на Богоев: Другар со тебе сме

Во реакцијата од СДСМ Карпош се наведува дека станува збор за политички мотивиран притисок врз опозицијата

Општинската организација на СДСМ Карпош јавно застана во одбрана на поранешниот градоначалник на општината и поранешен директор на Царинската управа, Стефан Богоев, откако тој беше приведен во акцијата на Управата за финансиска полиција и Обвинителството.

Во реакцијата од СДСМ Карпош се наведува дека станува збор за политички мотивиран притисок врз опозицијата и обид за пренасочување на вниманието од актуелните проблеми во Општина Карпош.

„Борба со опозиција не се прави на кукавички начин од страна на моќ“, велат од СДСМ Карпош од каде отфрлаат дека Богоев правел криминал.

Оттаму потсетуваат дека актуелната локална власт во Карпош се промовирала со проекти започнати во мандатот на Богоев, посочувајќи го покриениот базен во салата „Партизан“.

Во соопштението се оценува дека актуелното раководство на општината не успева да ги реализира ветувањата дадени пред граѓаните и затоа удриле на Богоев.

Од СДСМ Карпош бараат политичките противници дека политичката битка треба да се води „ферски, а не илеџиски“, додавајќи дека граѓаните на Карпош нема да дозволат да бидат потценети.

„Стефан Богоев, другар со тебе сме“, велат во јавната порака од СДСМ Карпош.

Богоев е меѓу лицата опфатени со истрагата за сомнежи за криминал поврзани со тендерска постапка во Царинската управа.

Од Обвинителството претходно потврдија дека под координација на ОЈО ГОКК се спроведува акција поради постоење основано сомнение за кривични дела од коруптивна природа, но без да откријат детали додека трае постапката објави Скопје1.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова ќе ја посети изложбата „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“ во Братислава

На изложбата се претставени дела од македонските уметници Ана Митевска, Ангел Коруновски, Лазе Трипков и Александра Костадиновска, а куратор е Кирил Пенушлиски

Медицинскиот тим се поклони кон починатиот органодарител

Со длабока почит кон починатиот органодарител и со искрена благодарност до неговото семејство, медицинскиот тим оддаде чест на една од најхуманите одлуки што може да се донесе во миг исполнет со најдлабока болка и тага

За пет месеци регистрирани над 100.000 прекршоци

Сообраќајните експерти велат дека за поголем сообраќаен ред не можеме да се потпреме само на системот „Безбеден град“. Недостасува полициско присуство на патиштата и потребни се повеќе инвестиции во сообраќајната инфраструктура

Психологот Атанасова: Недостигот на емпатија клучен фактор за меѓуврсничкото насилство

Случаите на меѓуврсничко насилство, како неодамнешниот инцидент во скопската населба Ѓорче Петров, се сигнал дека кај младите се јавува недостиг на емпатија, а зад насилното однесување најчесто стојат повеќе причини, меѓу кои потребата за докажување моќ, наталожен бес и гнев или уверување дека сторителите ќе избегнат одговорност, оцени Кристина Атанасова, психолог во скопската гимназија „Јосип Броз Тито“

To top