Македонија

АХВ наскоро ќе ги објави фирмите што манипулирале со декларации на млечни производи

Според Агенцијата, предмет на анализа биле 45 мостри од млеко и млечни производи, при што кај десет оператори било констатирано дека примероците не одговараат на одредбите од Правилникот за квалитет на земјоделските производи, односno производите содржеле помал процент на млечни масти од она што било истакнато на декларациите.

Агенцијата за храна и ветеринарство идната недела ќе ги објави имињата на компаниите кај кои се утврдени неправилности во декларирањето на млечните производи, соопшти директорот на Агенцијата, Оливер Миланов. Резултатите од анализите на месните преработки, пак, се очекуваат од понеделник. Посочи дека кај дел од млечните производи како кашкавали, сирења, павлака, јогурт и млеко се утврдени отстапувања меѓу декларираниот и вистинскиот состав, но безбедноста на производите не е доведена во прашање, туку е нарушен нивниот квалитет и потрошувачите се доведени во заблуда.

  • „Доколку на декларацијата е наведено дека производот содржи 24 отсто масти, а анализите покажат само пет отсто, станува збор за измама на потрошувачите. Таквите производи се повлекуваат и се уништуваат“, рече тој.

Меѓу компаниите кај кои се утврдени неправилности рече дека има осум домашни и две увозни фирми. Во тек се дополнителни контроли и проверки за да се утврди дали отстапувањата се поединечни случаи или се случувале подолг временски период.

  • „Покрај редовните надзори, ќе се направи и аудит. Ќе се вратиме чекор наназад, да видиме дали воделе записници, дали воделе лабораториски анализи, дали ова е од пред 15 дена или постоело години наназад. Во однос на безбедноста на овие производи, безбедноста не е нарушена, нарушен е квалитетот. Нарушен е зашто е направена измама со храна на потрошувачите, манипулација со потрошувачите“, вели директорот на АХВ.

Оцени дека сегашните казни за вакви прекршоци се ниски и најави измени на законската регулатива. Како една од можните мерки што се разгледува е ако еднаш или двапати бидат фатени како манипулираат, да им се земе решението за вршење дејност во рок од три години.

Во однос на анализите на трајните и полутрајните месни производи, како салами, виршли и паштети, директорот на АХВ рече дека резултатите сè уште не се пристигнати од референтните лаборатории, но очекува да бидат познати од почетокот на следната недела. Според него, инспекторите редовно откриваат производи со истечен рок на употреба и ги повика граѓаните да пријавуваат сомнителни случаи преку бесплатната телефонска линија 0800 3 22 22 или електронски.

По повод 15 години од формирањето на АХВ, Миланов информира дека во периодот од 4 јуни 2024 година до денеска се уништени повеќе од 800 тони небезбедна храна, додека над 300 тони биле вратени во земјата на потекло или уништени во државата. Според него, Агенцијата во моментов располага со околу 200 инспектори на ниво на државата што вршат редовни и вонредни контроли кај производители, увозници, угостителски објекти и други оператори со храна.

Од АХВ на 31 мај сооштија дека утврдиле манипулации во врска со декларирани проценти на млечни масти во преработки од млека. На операторите кај кои се утврдеnи неправилностите им се изречени парични казни.

Според Агенцијата, предмет на анализа биле 45 мостри од млеко и млечни производи, при што кај десет оператори било констатирано дека примероците не одговараат на одредбите од Правилникот за квалитет на земјоделските производи, односno производите содржеле помал процент на млечни масти од она што било истакнато на декларациите.

Најнови вести од: Македонија

Грција за започна кампања за издавање државјанство на македонски граѓани со грчко потекло

Грција има потреба од вас. Зајакнете ја вашата врска со вашата татковина“, пишува во објавата на Амбасадата на Грција во Скопје. Грција започна јавна кампања насочена кон македонските граѓани кои имаат грчко потекло и би можеле да ги исполнуваат условите за добивање грчко државјанство. „Грција има потреба од вас. Зајакнете ја вашата врска со вашата […]

По невремето во скопски Карпош покрај повредената жена (86) пронајдена и експлозивна направа!

МВР информира дека синоќа во 20:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош паднало дрво и со тешка телесна повреда се здобила К.М.(86) од Скопје, по што била пренесена во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски” за укажување на лекарска помош.

Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица. кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис.

Мицкоски: Посетата на индиската претседателка Мурму отвора нови перспективи за двете држави, за зајакнување на партнерството во повеќе области од заемен интерес

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска оствари работен ручек со претседателката на Република Индија Драупади Мурму, која престојува во својата прва официјална посета на Македонија.

Индиските медиуми за посетата на претседателката Мурму во Македонија: Се отвора „ново поглавје“ во надворешната политика на Индија кон Балканот

Водечките индиски медиуми ја карактеризираат посетата на индиската претседателка Друпади Мурму на Македонија на 21 јули 2026 година како историска пресвртница во билатералните односи, нагласувајќи го фактот дека ова е прва официјална посета на шеф на индиската држава на Република Македонија од воспоставувањето на меѓусебните дипломатски односи.

Шестотини тони мазут недостигаат од државните резерви

Државниот завод за ревизија утврди сериозни пропусти во работењето на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви, меѓу кои и тоа што Министерството за одбрана повеќе од осум години не го вратило заемот од 600 тони мазут, со што се намалени државните резерви на овој стратегиски енергент.

ИСОС ја продлабочува соработката со професионалните организации во регионот

Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) беше домаќин на претставници на Институтот на сметководители и ревизори на Косово (SCAAK), при што се одржа заедничка средба на двете професионални организации.

Најнови вести

To top