Регион

Влез во Грција привремено ќе може и без земање биометриски податоци

На одредени гранични премини, во случај на зголемен сообраќај, а со цел воспоставување нормален проток на патници и возила, постои можност привремено или делумно да се суспендира имплементацијата на ЕЕС системот

При зголемен сообраќај, регистрацијата ќе може да се врши без земање биометриски податоци, отстапка што важи до 8 јули годинава, со можност да се продолжи до 6 септември.

Ова произлегува од од одговорите на пратенички прашања доставени од заменик-министерот за заштита на граѓаните на Грција Јоанис Ламбропулос, јави дописничката на МИА од Атина.

Во изминатиот период, со километарските колони што во одредени денови се создаваат на копнените гранични премини, особено на „главната порта за влез/излез“, како што во Грција се нарекува граничниот премин Евзони, освен натписите во медиумите, реакциите од хотелиерите од северниот дел на земјата, неколку пратеници од различни партии, преку пратенички прашања доставени до надлежното Министерство побараа одговори и објаснувања за новиот систем на ЕУ за биометриска регистрација на сите државјани од трети земји.

Дописничката на МИА од Атина, разгледа три одговори на пратенички прашања, двете прашања се од пратеници на Нова демократија, едно од партијата Ники (Победа), додека пак одговорите, сите потпишани од заменик-министерот за заштита на граѓаните на Грција, Јоанис Ламбропулос, се два од 21 мај и последниот од 27 мај 2026 година.

Доколку се анализираат овие официјални писмени одговори од Министерството за заштита на граѓаните на Грција, што е надлежно за полицијата и за контролите на граничните премини, произлегува дека европската регулатива мора да се имплементира, меѓутоа, дава можност првично до 8 јули, а потоа автоматски се продолжува до 6 септември, доколку има исклучително голем сообраќај и предолги редици, властите привремено да ја намалат употребата на биометриските проверки за да се забрза протокот на патници, односно регистрацијата во системот да се спроведува регуларно, но без фотографирање и земање отпечатоци.

Системот за влез и излез – новата постапка за пасошка контрола на државјани на трети земји при преминување на надворешните граници на Европската Унија и нивниот влез/излез од Шенген-зоната, a целосната примена на системот беше воспоставена на 10 април 2026 година, при што целосно ја замени досегашната практика на ставање печати во патните исправи.

 

Најнови вести од: Регион

Замрзнати банкарски сметки на компанија поврзана со луксузниот одморалиште на Кушнер

Интервенцијата на обвинителството следува по деновите на интензивни јавни немири. Илјадници демонстранти маршираа низ главниот град Тирана во текот на викендот, скандирајќи „Албанија не е на продажба“

Берлин и Париз предлагаат побрзи придобивки за кандидатите за ЕУ ​​од Балканот

„Мораме да обезбедиме дополнителни стимулации како дел од постепен процес на интеграција базиран на заслуги и да го поедноставиме тековниот процес за да го направиме поефикасен и да овозможиме побрза и подлабока интеграција“, се вели во француско-германскиот документ

Европската интеграција на Западен Балкан одново во фокусот

Со оглед на сложената геополитичка ситуација во светот, проширувањето повторно е меѓу стратешките приоритети на ЕУ и се очекува европската страна да ја потврди својата посветеност на европската перспектива на земјите од Западен Балкан

To top