Македонија Бизнис

Ќура: Секоја најава за нови свежи пари за домашните компании се добредојдени

Секоја најава за нови свежи пари во за домашните компании се добредојдени, оти вложувањата во развојните проекти треба да се реализираат. Бизнисмените ја поздравуваат најавата на министерката за финансии дека е исплатена третата транша од 41,3 милиони евра кон деловните банки за поддршка на 175 проекти, пари од унгарскиот кредит за инвестиции и развој. Првиот […]

Секоја најава за нови свежи пари во за домашните компании се добредојдени, оти вложувањата во развојните проекти треба да се реализираат. Бизнисмените ја поздравуваат најавата на министерката за финансии дека е исплатена третата транша од 41,3 милиони евра кон деловните банки за поддршка на 175 проекти, пари од унгарскиот кредит за инвестиции и развој. Првиот човек на Стопанската комора на северозападна Македонија, Менди Ќура, во изјава за МРТ1 вели дека парите ќе се вложат во локални, регионални и експресни патишта, со што ќе се покрене градежниот сектор.

Бизнисмените бараат овие најавени вложувања да се спроведат што е можно побрзо, оти економијата нема време за чекање. Според нив, добро е фирмите да бидат изведувачи и подизведувачи за изградба на патиштата, болниците, пругата, енергетските капацитети.

Министерката за финансии се надева дека проектите ќе дадат значаен инпут врз економскиот раст и кои ќе бидат сигнал кон остварувување на проекцијата од 3,7%.

  • „Досега се префрлени 125,7 милиони евра во три транши. Компаниите имаат на располагање средства во износ од 250 милиони евра кои се планирани во Буџетот за 2025 година и за поддршка на своите проекти можат да поднесат барање во деловните банки преку кои се реализира оваа мерка на Владата, насочна кон поддршка на домашната економија“.

Најголем дел од средствата се наменети за мали компании, како и за набавка на опрема во вредност од 19,5 милиони евра. Најголем дел од парите ќе се трошат за инвестиции во производствените компании. Досега се исплатени 125,8 милиони евра за 470 проекти, од предвидениот фонд од 250 милиони евра.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Додека САД трупаат резерви на бакар, Македонија „го складира“ под земја

Аналитичарите предвидуваат недостиг на пазарот на бакар од 124.000 тони оваа година и 150.000 тони следната година. Побарувачката за бакар е поттикната од глобалните инвестиции во модернизацијата и проширувањето на електропреносните мрежи, а енергетската транзиција, која вклучува технологии за обновлива енергија како што се ветерниците и фотоволтаиците, исто така ќе ја зголеми потребата за бакар.

В понеделник седница на ЕСС, ќе се разговара за раст на минималната и сите плати

Зголемување на минималната плата бараат од Сојузот на синдикати на Македонија, а како аргументи ги посочуваат зголемените трошоци на живот. Во анкета спроведена од страна на ССМ во ноември најголем дел од испитаниците се изјансиле дека минималната плата треба да биде 600 евра. 

Интервју: Инвестицијата во Гевгелија е потврда дека остануваме партнер кој верува во потенцијалот на домашниот пазар

Отворање на новиот, модерен ЏАМБО маркет во рамките на новоотворениот „Gevgelija Mall“ ја позиционира Гевгелија на мапата на современи шопинг дестинации во регионот. За значењето на оваа инвестиција, уникатниот концепт кој комбинира семејно искуство и практичност, како и идните планови, разговараме со Петар Денковски, генерален директор на ВЕРО и Џамбо маркетите во Македонија.

To top