Хроника

Многу неранимајковци во триаголникот Охрид – Кичево – Дебар

,,Неранимајковци” без дозвола, пијани напаѓале полиција и се обидувале да бегаат

МВР вчера регистрирало неколку инциденти во кои многу неранимајковци се однесувале дивјачки во триаголникот Охрид – Кичево – Дебар.

И покрај засилените мерки на полицијата за расчистување на безредието во сообраќајот вчера и во Охридско, Кичевско и Дебарско се случиле неколку инциденти со ,,неранимајковци” кои без дозвола, пијани напаѓале полиција а некои се обиделе и да бегаат.

На 05.06.2026 во 23:55 часот, на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, лишен од слобода е Р.Р.(55) од кичевското село Зајас. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кичевски регистарски ознаки, што тој го управувал и констатирале дека има изречена мерка забрана за управување моторно возило од „Б“ категорија. Исто така, при извршено алкотестирање, кај него се утврдени 0,90 промили алкохол во крвта. Р.Р. е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“.

На 05.06.2026 во 13:25 часот во Полициското одделение во струшкото село Велешта пријавено е дека на 31.05.2026 во Вевчани, Д.В. и упатил вербални закани на 55-годишната А.Д., а Д.К.В. физички ја нападнала. По целосно расчистување на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 05.06.2026 во 00:40 часот, на улицата „Маршал Тито“ во Кичево, полициски службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал Е.П.(31) од Кичево. При обид да се изврши контрола, возачот го стартувал возилото и се дал во бегство. По преземени мерки, возилото е пронајдено и обезбедено, а констатирано е и дека Е.П. немал положено возачки испит. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 05.06.2026 во 18:00 часот, на магистралниот пат Кичево- Гостивар, кај селото Колари, полициски службеници од слобода го лишија С.С.(26) од Кичево. При извршена контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле товарно возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, кое тој го управувал и притоа констатирале дека немал положено возачки испит. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“.

На 05.06.2026 во 23:40 часот во Дебар, полициски службеници од слобода го лишија Б.О.(39) од Дебар, кој претходно на улицата „Јусуф Грвала“ во Дебар, управувајќи патнички автомобил „шкода“ со дебарски регистарски ознаки, не го сопрел возилото и избегал со цел да ја одбегне полициската контрола. По преземени мерки, тој е сопрен а полициските службеници констатирале дека тој немал положено возачки испит. Возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Најнови вести од: Хроника

Повторно малолетничко насилство: Тешко повреден ученик во Ѓорче Петров – го претепале врсници

Синоќа во СВР Скопје е пријавено дека во двор од основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, малолетник бил физички нападнат од неколку други малолетници, од кои едниот го познавал, при што се здобил со тешки телесни повреди.

Разрешен Тимот за борба против дрогата во Куманово – Јанев: Кога нема резултати, следи одговорност

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска оствари работна посета на Секторот за внатрешни работи Куманово: во средиштето на вниманието беа безбедносната состојба и борбата против нелегалната трговија и дистрибуција на дрога и психотропни супстанции на подрачјето на Куманово, Кратово и Крива Паланка.

Х.Б. (35) од Скопје починал, откако најверојатно доживеал струен удар при перење возило

На 16.09.2026 околу 11:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Студеничани, скопско, во двор од куќа, сопственост на А.С.(56), дошол Х.Б.(35) од с.Студеничани и ја зел вап-машината, за да го измие возилото. Тогаш паднал најверојатно од струен удар.

To top