Македонија

110.000 денари биле првите од многуте што Стефан Богоев требал да ги земе како мито, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани, 110.000 денари биле првите од многуте што Стефан Богоев требал да ги земе како мито за местениот тендер во Царина од 18 милиони денари, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ кое што МИА го пренесува интегрално

110.000 денари биле првите од многуте што Стефан Богоев требал да ги земе како мито за местениот тендер во Царина од 18 милиони денари, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ кое што  го пренесуваме интегрално.

Џемо од Прилеп, сивата еминенција на СДС, договорил фирма која требала да добие тендер во Царина, па преку неговото влијание кон Богац успеал во намерата, а за возврат му ветил подарок во форма на банкноти.

18 милионскиот тендер за хигиена наменет за блиска фирма на Џемо, Богац го овозможил. Но, прашањето коешто треба да го одговори Богоев е колку пари требал да добие како награда за завршената работа? Дали е точно дека му биле ветени 10 проценти од тендерот, односно 1,8 милиони денари? Дополнително, дали е точна информацијата добиена од свиркачи дека ова не е последниот наместен тендер во Царина под раководство на Богоев?

Децата на СДС си го покажаа вистинското лице. Иднината на Заев го падна првиот тест. Со вакви кадри СДС треба да се распушти, а не да води политики.

Одговорност за криминалите на СДС мора да има, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Видео изјава од пратеникот Бране Петрушевски:

Најнови вести од: Македонија

Јовевски: Македонија е тргната од листата на МОТ, но се соочува со недостиг од над 10.000 работници и одлив на кадар

Македонија во последните две години бележи напредок во областа на социјалниот дијалог и е тргната од листа на Меѓународната организација на трудот (МОТ) за земји кои треба дополнително да ги образложуваат состојбите поврзани со синдикалните права и колективното преговарање,

Нова епизода руски рулет во СДСМ: Пендаровски едно, Ковачевски друго за исто прашање, реагира ЗНАМ

Македонската јавност деновиве е сведок на рускиот рулет во СДСМ во кој од епизода во епизода се отвораат нови прашања, а одговорите стануваат се поконтрадикторни, стои во соопштението на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија

To top