Македонија

САД и ЕУ во раскол за Западен Балкан, Јаарсма бара да се игнорираат празните муабети од Тиват

Холандскиот експерт бара да се внимава на ескалацијата која може да биде лоша за Македонија и другите земји од регионот

Раиниер Јарсма, холандски експерт за балкански, евроазиски и трансатлантски прашања, посочува на сериозен судир меѓу САД и ЕУ за Западниот Балкан.

Јаарсма смета дека ,,Празните муабети” во Тиват на самитот ЕУ Западен Балкан се неважни во споредба со расколот меѓу Вашингтон и Брисел за идниот Висок претставник на ЕУ за Босна и Херцеговина.

,,Игнорирајте ги сите беззаби ,,нон-пејпери” и вечно рециклирани предлози што кружат во Тиват и обрнете внимание на тоа што се случува во Советот за имплементација на мирот, каде што растечкиот јаз меѓу САД и Европа во однос на Западен Балкан е целосно очигледен”, сугерира Јаарсма.

Во моментов постои активен раскол меѓу САД и ЕУ околу иднината на Босна и Херцеговина, главно фокусиран на улогата на Високиот претставник (OHR) и имплементацијата на Дејтонскиот договор.

Главна точка на судирот е непостоење консензус за нов Висок претставник.

По оставката на Кристијан Шмит, САД силно го туркаа италијанскиот дипломат Антонио Занарди Ланди. ЕУ а особено Франција, Германија и Велика Британија го поддржаа францускиот кандидат Рене Трока.

На состанокот на Советот за имплементација на мирот (PIC) во Сараево не се постигна договор по што
САД ја преиспитуваат својата улога во процесот.

Американската амбасада во Сараево издаде остра изјава дека „европската нерешителност“ и откажувањето на PIC ја принудуваат САД да го преиспитаат своето учество во меѓународното присуство во БиХ што е значителна ескалација во односите меѓу Брисел и Вашингтон.

Во судирот на концепции администрацијата на Трамп сака слабеење на овластувањата на Високиот претставник и пренесување на повеќе одговорности на локалните институции.

Предходно САД ги тргнаа санкциите за Милорад Додиќ и има блиски контакти со српската страна.

ЕУ од друга страна сака да го задржи силната позиција на Високиот претставник за да се спречи сепаратизам и да се обезбеди стабилност, додека паралелно се турка европската интеграција на БиХ.

Овој судир доаѓа на позадината на долгогодишни тензии во БиХ, сепаратистичка реторика од Додик, руско влијание и различните приоритети на Западот. САД традиционално беа главниот „гарант“ на Дејтон, но сега ЕУ се наоѓа во позиција да ја одржува стабилноста без целосна американска поддршка.

Ситуацијата сега се смета дека е ,,динамична” и се очекува нов обид за договор до крајот на месецов.

Најнови вести од: Македонија

Демографијата тоне – аларм за намалениот наталитет во Македонија

Зарем е важно кога се родени денешните првачиња и кој е крив за се помалиот број првачиња? Факт е дека државата старее и дека од година во година имаме се помалку првачиња. Додека цели семејства заминуваат од државата, политичарите си наоѓаат нова тема за меѓусебни препукувања наместо да донесат итни мерки за да се спречи одливот на млади.

МЗ: Нови седум случаи на инфекција со вирусот Западен Нил, сите од Скопје

Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Сите случаи се од Скопје – по два од општините Кисела Вода и Гази Баба и по еден од Илинден, Бутел и Аеродром. Новозаболените лица се на возраст од 60 до 84 години и сите се хоспитализирани, информираа попладнево од Министерството за здравство.

Попов: Покрај јавниот, намален и државниот долг за над 40 милиони евра, кој e сега 51,7% од БДП

Државниот долг заклучно со 30 јуни 2026 година изнесува 9,432 милијарди евра или 51,7 проценти од БДП, што претставува намалување од 41 милион евра во споредба со претходниот месец, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов на денешната прес-конференција.

To top