Македонија Бизнис

Со какви предизвици ќе се соочи новиот Гувернер на Народната банка?

До Собранието сеуште не е пристигнат предлог за нов гувернер рече денеска собранискиот спикер Африм Гаши на брифингот со новинарите. Но, како што појасни станува збор за одлука која може веднаш да се изгласа, па оттука доколку пристигне на почетокот на идната недела точката ќе може веднаш да биде ставена на дневен ред, со што би […]

До Собранието сеуште не е пристигнат предлог за нов гувернер рече денеска собранискиот спикер Африм Гаши на брифингот со новинарите. Но, како што појасни станува збор за одлука која може веднаш да се изгласа, па оттука доколку пристигне на почетокот на идната недела точката ќе може веднаш да биде ставена на дневен ред, со што би се запазиле роковите.

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова се уште не пресекла за нејзиниот избор за нов гувернер на Народната Банка. Првиот човек на Собранието Африм Гаши потврди дека таков предлог се уште не пристигнал во законодавниот дом, пренесе Алфа. Со оглед на тоа дека останува уште една седмица до истекот на мандатот на актуелната гувернерка Ангеловска Бежоска, тој рече дека веднаш штом ќе биде доставен предлогот од претседателката, тој ќе биде ставен на гласање пред пратениците. Ангеловска Бежоска ќе ја извршува функцијата се до изборот на нов гувернер иако нејзиниот мандат официјално треба да заврши на 22-ри мај.

  • Закон за Народна банка, член 55
  • „Мандатот на член на Советот кој е избран во периодот пред истекот на мандатот на постоечки член на Советот започнува по истекот на мандатот на постоечкиот член на Советот.
  • Член на Советот на кој му истекол мандатот, до именување на нов член, ги има истите овластувања и ги извршува истите задачи утврдени со закон“.

Кадровското решение за гувернер на Народната банка е еден од најважните избори за економската иднина на Македонија. 7 години додека му трае мандатот, гувернерот има надлежности во одржување на курсот на денарот, нивото на девизни резерви, стабилизирање на инфлацијата, контролирање на портфолиото на деловните банки. Ова е особено важно во моменталното нестабилно глобално окружување, во период на континуирана инфлација и раст на трошоците за живот. Токму во ваков период работеше се уште актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска која има право на реизбор. Меѓународните финансиски институции ја пофалија како маневрирала со монетарната политика кога инфлацијата достигна двоцифрена бројка.

  • „Инфлацијата беше сведена на ниско едноцифрено ниво, девизните резерви беа зголемени за околу 40% во однос на претпандемиското ниво, а стабилноста на банкарскиот систем  зајакната со постигната највисока адекватноста на капиталот во изминативе две децении“ – велат од Народната банка.

Меѓу најсериозните кандидати за прв човек на Народната банка во јавноста се спомнуваат поранешните министри за финансии Зоран Ставрески и Трајко Славески, како и поранешната Вицегувернерка на Народната Банка, Маја Кадиевска Војновиќ, но и актуелната гувернерка Ангеловска Бежоска.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Пад на каматите на кредитите

Во септември просечната каматна стапка на вкупните депозити на месечно ниво е зголемена за 0,01 процентен поен и изнесувала 2,23%, додека кај кредитите во септември просечната каматна стапка забележа пад од 0,05 процентни поени и изнесувала 4,47%.

Оваа доверба не ја сфаќаме како награда, туку како обврска, рече Лукровски по победата

По завршувањето на изборниот процес, чувствувам огромна благодарност кон сите вас, граѓаните на Карпош, кои излеговте и со својата волја покажавте дека чесноста, трудот и одговорноста се вредности што победуваат, порача новиот градоначалник на Карпош, Сотир Лукровски.

Бранко Црвенковски лично ги мотивирал симпатизерите на СДСМ од Кичево да го подржат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

Симпатизери на СДСМ од Кичево, мотивирани од средба со поранешниот лидер на партијата Бранко Црвенковски, направија се Македонец да победи на изборите во овој град, наведува Горан Карафилоски, истакнат активист на СДСМ од Кичево.

Мисајловски: Историска победа и обединување на народот, следува многу работа и испорачување на резултати (ВИДЕО)

Македонија е обоена во црвено.Од Кичево до Кочани. Од Брвеница до Валандово. Граѓаните го направија вистинскиот избор. Со освоени 54 општини и градот Скопје ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие локални избори.

Премиерот Мицкоски во Брисел на Euronews Enlargement Summit

Euronews ја иницира оваа средба со цел да им даде глас на земјите-кандидати во момент кога претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја ребрендира политиката на проширување како „повторно обединување на Европа“

To top