Бизнис

Македонското подобро од грчкото, италијанското, шпанското…

Македонското маслиново масло продолжува да го освојува светот

Македонско маслиново масло блесна со злато пред светската елита во Амстердам.

Брендот Olive Garden освои златен медал на престижниот Amsterdam International Olive Oil Competition, еден од најреномираните светски натпревари за маслинови масла.

Македонското екстра девствено маслиново масло, кое е целосно произведено во Македонија, го победи силна конкуренција од над 200 масла од 20 различни земји.

Оценувањето го вршел интернационален панел од високо обучени дегустатори преку строга професионална сензорска анализа, при што се оценувале аромата, вкусот, квалитетот и останатите органолептички својства.

„Во конкуренција на повеќе од 200 масла од 20 земји, првото македонско маслиново масло целосно произведено во Македонија постигна неверојатен историски успех“, соопштија од компанијата Olive Garden која е лоцирана во Пирава, Валандовско.

Ова злато доаѓа само неколку месеци по успехот на македонското масло на меѓународниот натпревар во Загреб, со што се потврдува растечкиот квалитет и потенцијалот на домашното производство на маслиново масло.

Од Olive Garden особено нагласуваат дека вистинскиот квалитет на маслиновото масло не зависи од амбалажата, јазикот или изгледот на етикетата, туку од грижата вложена во целиот процес – од маслинката на теренот до финалниот производ.

Овој успех претставува значајна промоција за македонското земјоделство и доказ дека Македонија може да се мери со најдобрите светски производители на екстра девствено маслиново масло.

Најнови вести од: Бизнис

Цената на нафтата надмина 100 долари за барел

Новите случувања дополнително ги засилија стравувањата за безбедноста на Ормускиот теснец, преку кој се транспортира околу една петтина од светската потрошувачка на нафта, што дополнително ги поттикна цените на светските пазари.

Ристески пред средбата со трговците и дистрибутерите: Нема да толерираме профитирање на грбот на граѓаните

Заменик-министерот за економија и труд информира дека на средбата со производителите, трговците и дистрибутерите, меѓу другото, ќе бидат презентирани анализите на ДПИ во однос на движењето на цените на основните прехранбени производи. Во овој контекст, повтори тој, нема да се толерира некоректно однесување.

To top