Свет

Трамп загрижен дека Израел може да ги загрози преговорите со Иран

Би-Би-Си објави дека американскиот претседател бил лут што Нетанјаху ги игнорирал неговите предупредувања да не го напаѓа Бејрут

Израел и Иран повторно разменија напади, што е најсериозната ескалација од априлското примирје.

Израел вели дека погодил воени цели во западен и централен Иран откако пресретнал ирански ракети,.

Иран, пак, соопшти дека се одмаздува за израелските напади врз Бејрут.

Израелските напади се случија и покрај тоа што американскиот претседател Доналд Трамп му рекол на Бенјамин Нетанјаху да не возвраќа.

Би-Би-Си објави дека Трамп веќе бил лут што израелскиот премиер ги игнорирал неговите предупредувања да не го напаѓа Бејрут и дека бил загрижен дека израелските потези би можеле да ги загрозат тековните разговори меѓу САД и Иран.

Американски функционер цитиран од Аксиос рече дека Трамп му рекол на Бенјамин Нетанјаху да почека бидејќи, според него, тие се „блиску до нешто добро кога станува збор за договор“.

Најнови вести од: Свет

Грција стави „сопка“ на новиот пакет санкции кон Русија

Атина сака да ги ублажи и веќе договорените ограничувања за увоз и трговија со руски течен природен гас (LNG),бидејќи Грција е светска превозна сила, а транспортот на течен руски гас преку водите и пристаништата на ЕУ носи милијарди приходи

To top