Македонија

Најчевска: Како да градиме правна држава кога идоли ни се криминалци?

Основното јавно обвинителство сè уште не соопштило дали против него ќе поднесе обвинителен акт. Истрагата е во тек.

Професорката по право Мирјана Најчевска остро реагираше на јавната поддршка и прославата на 49. роденденот на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој роденденот го одбележа во куќен притвор.

Во објава на социјалните мрежи, Најчевска го коментираше транспарентот поставен на плоштадот „Скендербег“ со пораките „Среќен роденден кралу“ и „Кралот е назад“, како и масовните честитки од неговите поддржувачи.

„Како да изградиме правна држава кога на мнозинството граѓани независно од етничката припадност идоли им се криминалци? Тие не сакаат право. Сакаат држава во која ќе бидат криминалци кои не се казнуваат. Тоа е врвот“, напиша Најчевска.

Груби е осомничен во случајот „Државна лотарија“ за проневера од 8,2 милиони евра. По 14 месеци поминати во Косово, тој се врати во земјава, беше приведен и кратко време помина во затворот „Скопје“ во Шутка, по што му беше определена мерка куќен притвор.

Основното јавно обвинителство сè уште не соопштило дали против него ќе поднесе обвинителен акт. Истрагата е во тек.

Најнови вести од: Македонија

Меџити: Ќе изградиме Албанска библиотека над плоштадот „Скендербег“, заради читање, учење и културен развој

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, најави дека Општина Чаир ги започнува постапките за реализација на значаен културен проект – трансформација на просторот над плоштадот „Скендербег“ во Албанска библиотека. Како што е најавено, новата библиотека ќе биде современ простор наменет за ученици, студенти, истражувачи и сите граѓани, создавајќи нови можности за читање, учење, истражување и културен развој.

Мицкоски за блокадата од Бугарија и претходната власт: Кратковидо потпишаа бел лист хартија и направија голема штета и проблеми, кои ќе мора сега Владата да ги решава!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати остра порака во врска со застојот околу акцискиот план за малцинствата и блокадите од Бугарија. Одговарајќи на новинарско прашање каде е застојот и зошто Бугарија го блокира процесот, Мицкоски порача дека тоа прашање треба да им се постави на бугарските власти. „Таа политика е веќе со децении, не почнала денес.“ – рече премиерот.

Кузеска: Отворивме ново поглавје за иднината на Македонија

Меѓу предложените мерки се нов закон за борба против корупцијата, проверка на избрани и именувани функционери, проверка на потеклото на имотот, зајакнување на институциите за борба против корупцијата и понатамошна дигитализација на јавните услуги

To top