Бизнис

(Видео): Владата ќе направи сé што може да им помогне на бизнисите чие производство е наменето за извоз

Владата ќе даде максимална поддршка за бизнисите чие производство е наменето за извоз, порача премиерот Христијан Мицкоски за време на денешната посета на компанијата „Макпрогрес“ од Виница. Изразувајќи силно импресионирање од развојниот пат на компанијата, Мицкоски истакна дека овој некогаш скромен семеен бизнис денес прераснува во регионален гигант и еден од столбовите на домашната економија.

Владата ќе направи сé што може да им помогне на бизнисите чие производство е наменето за извоз, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на пуштање во работа на новата фабрика на „Винчини“ за производство на вафли, вредна 8,5 милиони евра.

  • „Јас би сакал да кажам дека сум исклучително импресиониран за тоа што од еден скромен семеен бизнис ‘Винчини’, односно ‘Макрпогрес’ во случајов, прераснува во, би рекол, регионален гигант. Со промет од повеќе од 40 милиони евра, компанијата навистина претставува еден од фундаментите, од темелите на македонската кондиторска индустрија. Ние како Влада се разбира ќе сториме сè што можеме за да помагаме ваков тип на бизниси, бидејќи околу 80-тина проценти од вкупното производство е практично производство наменето за извоз“, рече Мицкоски и додаде дека „Макпрогрес“, дали директно преку својот бренд „Винчини“ или како приватен бренд, произведува веќе и 80 проценти од своето производство го дава за извоз.

Отворањето на новата фабрика за производство на вафли, се реализира за само шест месеци, со значајно учество на домашни градежни компании, инженери, проектанти и изведувачи. Објектот располага со две современи производни линии за производство на вафли и сродни кондиторски производи, наменети како за домашниот пазар, така и за повеќе од шеесет странски пазари на кои денес се присутни производите на „Винчини“.

Со стартот на производството веднаш се отворени 40 директни работни места, додека во текот на следната година се планираат уште 40 дополнителни нови вработувања. Новата фабрика ќе се овозможи зголемување на производствените капацитети на „Винчини“ за околу 30 проценти, како и значително зголемување на извозот и присуството на меѓународните пазари.

Најнови вести од: Бизнис

Прво пенливо вино од линијата „Луда Мара“ на „Тиквеш“: Од Тиквешијата, создадено за светската сцена

Винарската визба „Тиквеш“ го лансираше на пазарот Luda Mara Sparkling – првото пенливо вино во линијата Luda Mara. Неговиот современ визуелен идентитет е креиран во соработка со реномираното шпанско дизајнерско студио Girafa, со цел автентичното потекло на виното да биде претставено преку препознатлив дизајн со кој може рамноправно да застане на винските полици на развиените светски пазари. Од „Тиквеш“ посочуваат дека новото пенливо вино е пример како локалното потекло и традиционалното винарско знаење можат да се поврзат со современите светски трендови, при што очекуваат значителен интерес кај потрошувачите.

Хуманоста како традиција: „АЛКАЛОИД“ со нова донација за здравјето на најмладите

Од првиот Хуманитарен пикник до денес собрани се близу 14 милиони денари наменети за поддршка на здравствени установи, хуманитарни и граѓански организации, деца, лица со ретки болести, ранливи категории и лица од третото доба, како и за иницијативи за заштита на животната средина

To top