Хроника

Британска државјанка тешко повредена во сообраќајка на патот Кичево – Охрид

Возилото што го управувал нејзин сонародник удрило во метална ограда и излетало од коловозот

Двајца државјани на Обединетото Кралство со возило излетале од магистралниот пат Кичево – Охрид, при што сопатничката со тешки повреди била префрлена во болница во Охрид.

„На 10.06.2026 во 17:50 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат  Кичево – Охрид, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.У.К. (23) од Обединето Кралство, удрило во метална ограда и излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата 23-годишна сопатничка Б.А. од Обединето Кралство, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Најнови вести од: Хроника

Обвинителството врши обемна и финансиска истрага на „Комуналец“ од Гостивар

Истрагата за случајот со загадената вода во Гостивар се проширува. Обвинителството побарало обемна финансиска документација од повеќе институции, се дознава од извори, вклучени во истрагата.

Претседателот на Стоматолошко друштво на Албанците зел мито, за да „положи“ лекарка стручен испит!

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, за кои постои основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“, додека на второосомничениот му се става на товар кривичното дело „Примање поткуп“.

Бегалецот од прилепскиот затвор Ѓ.З. (35) од Битола фатен по извршена кражба во маркет заедно со А.Ј. (29)

Полициски службеници од СВР Битола привеле две лица осомничени за тешка кражба во маркет, при што било откриено дека едниот од нив бил баран со потерница, поради бегство од Казнено-поправната установа „Затвор Прилеп“.

To top