Македонија

236 граѓани истовремено земале и пензија и социјална помош

Неосновано исплатени 236 илјади евра!?

Поради слабости во системските контроли и размената/преземање на податоци по службена должност за 2024 година ревизорите утврдиле 235 корисници кои истовремено, стекнале, односно користеле и права од социјална заштита и пензија, за што неосновано исплатени се околу 236 илјади евра од кои: – 10.763 илјади денари на 190 корисници по основ на гарантирана минимална помош, – 426 илјади денари по основ на траен надоместок на 5 корисници и – 3.347 илјади денари по основ на правото на социјална сигурност на старите лица кај 40 корисници, се вели во извештајот на ДЗР.

Во извештајот се нотира и затајување на соработката меѓу клучните институции за вработување на социјално загрозените лица.

Ревизорите утврдиле дека ЦСР и Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРСМ) не ја спроведуваат ефикасно законската обврска за изработка и следење на индивидуални планови за активација на невработените корисници на гарантирана минимална помош (ГМП). Плановите се изработуваат во многу мал обем, најчесто рачно наместо електронски, без функционална соработка, координатори и редовни средби меѓу институциите, велат од ДЗР.

Со цел да се спречи натамошно нерационално трошење на јавните пари, Државниот завод за ревизија препорача итна измена и подобрување на законската рамка, зајакнување на контролите и подобра координација меѓу институциите.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски ги повика турските инвеститори да бидат дел од развојната приказна на Македонија

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски, кој денеска со владина делегација е во работна посета на Турција на бизнис-форум во Истанбул, ги повика турските инвеститори да бидат дел од развојната приказна на Македонија.

Николоски од Истанбул: Нови инвестиции и посилна соработка со Турција

Зголемувањето на економската соработка, трговската размена и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите што вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, ги оствари со турските министри за трговија и транспорт во рамките на Македонско-турскиот бизнис форум во Истанбул.

To top