Македонија

Николоски од Истанбул: Нови инвестиции и посилна соработка со Турција

Зголемувањето на економската соработка, трговската размена и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите што вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, ги оствари со турските министри за трговија и транспорт во рамките на Македонско-турскиот бизнис форум во Истанбул.

Зголемувањето на економската соработка, трговската размена и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите што вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, ги оствари со турските министри за трговија и транспорт во рамките на Македонско-турскиот бизнис форум во Истанбул.

Николоски се сретна со министерот за трговија на Турција, Омер Болат, како и со министерот за транспорт и инфраструктура, Абдулкадир Уралоглу. На средбите беше потврдена заедничката определба за натамошно продлабочување на економските односи и создавање нови можности за соработка меѓу двете земји.

Соговорниците разговараа за конкретни мерки насочени кон зголемување на трговската размена, поттикнување на инвестициите и унапредување на деловната клима за компаниите од Македонија и Турција.

„Турција е еден од најзначајните економски и трговски партнери на Македонија. Долгогодишните пријателски односи претставуваат цврста основа за успешен развој на економската соработка. Нашата цел е овие односи да ги подигнеме на уште повисоко ниво преку нови иницијативи и засилена економска активност“, изјави Николоски.

Посебен акцент на средбите беше ставен на инфраструктурниот развој и регионалното поврзување. Вицепремиерот истакна дека во Македонија се реализира најголемиот инвестициски циклус за изградба и модернизација на инфраструктурата и ги повика заинтересираните турски компании да учествуваат на меѓународните тендери и повици.

На крајот од средбите беше констатирано дека Македонија и Турција ќе продолжат да го развиваат партнерството засновано на доверба, пријателство и заедничка визија за економски развој и поголема регионална соработка.

Најнови вести од: Македонија

Петрушевски: По уставните измени би следеле национални и идентитетски отстапки, редефинирање на историјата и негирање на јазикот!

„Со уставните измени се отвора пандорината кутија, а тоа им одговара само на Бугарија и на Филипче. Капитулантскиот договор кој го потпиша власта на СДС кој е лош за Македонија а добар за Бугарија, е доказ за потчинетата дипломатија која ја водеа неуспешните и корумпирани политичари од минатата власт на СДС и ДУИ.“ – истакнува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски

Мицкоски ги повика турските инвеститори да бидат дел од развојната приказна на Македонија

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски, кој денеска со владина делегација е во работна посета на Турција на бизнис-форум во Истанбул, ги повика турските инвеститори да бидат дел од развојната приказна на Македонија.

To top