Македонија

Полицијата го најде возачот на „БМВ“ кој леташе кон Гевгелија

Полицијата приведе 21-годишник од Батинци

Млад возач од скопско заработи кривична постапка откако полицијата го затекнала како се движи со речиси двојно поголема брзина од дозволената на автопатот Скопје – Гевгелија.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, синоќа околу 20 часот, на делницата кај селото Милетково, полициски службеници извршиле контрола на сообраќајот со радарски систем, при што било утврдено дека И.Р. (21) од скопското село Батинци управувал патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки со брзина од дури 244 километри на час.

На овој дел од автопатот максимално дозволената брзина изнесува 120 километри на час, што значи дека возачот ја надминал дозволената граница за повеќе од 120 километри на час.

Поради сериозното прекршување на сообраќајните прописи и загрозувањето на безбедноста на останатите учесници во сообраќајот, возачот бил лишен од слобода на самото место.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Најнови вести од: Македонија

Љутков го следеше изгрејсонцето на летната долгоденица на Кокино

Особено впечатлив е феноменот на летната долгодневица, кога од точно определена точка на локалитетот изгрејсонцето може да се набљудува низ специфичен карпест процеп, што претставува една од најпрепознатливите особености на Кокино

Бојковска: Доказ за посветеноста на Владата кон европскиот пат е исполнетоста на Реформската агенда

Нашата задача од првиот ден беше да бидеме први во регионот, не само да исполнуваме, туку да докажеме дека Македонија не мора секојпат да потклекнува, не мора секојпат да моли, туку да биде и пример како може да се победува

To top