Македонија

Македонија добива прв центар за вештачка интелигенција „Везилка“

Тој додаде дека Министерството работи и на подготовка на закон за вештачка интелигенција, кој ќе постави јасни етички стандарди и правила за примена.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, најави дека идната недела ќе биде промовиран првиот центар за вештачка интелигенција во Македонија – „Везилка“.

Центарот ќе има клучна улога во развојот на македонски јазичен модел и создавањето домашна дигитална база, со цел македонскиот јазик, култура и идентитет да бидат соодветно застапени во современите технологии.

„Везилка“ е проект насочен кон дигитализација на македонскиот јазичен корпус и развој на голем јазичен модел кој ќе може да се користи од институциите, академската заедница, компаниите и граѓаните. Целта е да се намали зависноста од странски алатки кои често не го препознаваат доволно прецизно македонскиот контекст.

Министерот истакна дека преку овој проект се поставуваат темелите за домашни решенија базирани на вештачка интелигенција, кои ќе бидат во функција на јавниот интерес, образованието, науката, енергетиката, економијата и дигиталната трансформација на државата.

Во рамки на проектот, ФИНКИ воспостави соработка со Службен весник, Собранието, Националната и универзитетска библиотека, МАНУ и институтите за македонски јазик и литература. Граѓаните ќе имаат можност да придонесат со прикачување на сопствена дигитализирана литература, магистерски, докторски и стручни трудови.

Проектот „Везилка“ чини вкупно 6,5 милиони евра, од кои 1,5 милиони се државни средства, 1 милион од факултетите, а остатокот е поддршка од Европската Унија.

Андоновски најави дека до крајот на оваа или почетокот на следната година Македонија ќе има функционален јазичен модел, кој ќе биде понуден како open-source решение.

Тој додаде дека Министерството работи и на подготовка на закон за вештачка интелигенција, кој ќе постави јасни етички стандарди и правила за примена.

Најнови вести од: Македонија

Денес се одбележува 82 години од Ваташкиот масакр: „Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!“

На денешен ден, 16 јуни 1943 година, бугарскиот фашистички окупатор изврши еден од најтешките злочин во Македонија за време на Втората светска војна – Ваташкиот масакр.

СП: Путин му бил херој на пироманот кој запали возила пред бугарска амбасада!?

Засега мотивот за инцидентот не е поврзан со Бугарија, туку сторителот наводно се изнервирал зашто на некоја телевизиска репортажа видел дека возилата се паркирани непрописно, фатил автобус од Драчево, дошол во Центар и ги запалил возилата

To top