Пратеникот во Европскиот парламент од Хрватска, Никола Бартулица вели дека Србија и Црна Гора не можат да станат членки на Европската унија (ЕУ) се додека не се реши прашањето за воена компензација за сите жртви од Татковинската војна, признавање на агресијата од 90-тите години и конкретна соработка во пронаоѓањето на исчезнатите лица, објавуваат медиуми.
Бартулица во дебатата на Европскиот парламент за проширувањето на Европската унија кон Западен Балкан истакна дека земјите од регионот треба да имаат европска перспектива, но додаде дека процесот на проширување мора да биде поврзан со решавање на клучните отворени прашања од минатото, соопшти неговиот кабинет.
Србија и Црна Гора не можат да станат членки на ЕУ додека не се реши прашањето за воената отштета за сите жртви од Татковинската војна, признавањето на агресијата од 90-тите и конкретна соработка во пронаоѓањето на исчезнатите лица, рече Бартулица и порача дека тоа мора да биде приоритет на Хрватска.