Регион

Западен Балкан клучен за новата европска политика за поврзаност (ГАЛЕРИЈА)

На самитот учествуваат претставници од седум европски држави и меѓународни финансиски институции. Македонија ја претставува заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски

Инвестициите не носат само нови поврзувања, туку го редефинираат начинот на кој Европа се гледа себеси и својата позиција во светот, порача Матеј Закоњшек, директор на Постојаниот секретаријат на Транспортната заедница, на отворањето на Самитот за инвестиции во транспортот „Обезбедување раст и конкурентност преку поврзување“ во Солун, пренесе МИА

Тој истакна дека транспортот не е само инфраструктура, ниту само возови, авиони и патишта, туку пред сè луѓе. Како што рече, успехот често погрешно се мери во километри или тонажа, иако вистинската вредност е во поврзаноста што им овозможува подобар живот на граѓаните.

„Пациентите да стигнат до медицинска нега, студентите до образование, претприемачите до нови пазари, а заедниците да напредуваат“, нагласи Закоњшек, додавајќи дека целта на поврзаноста е создавање можности, а не само инфраструктура. Тој оцени дека регионот на Западен Балкан не е периферија, туку „срцевина на новата европска политика за поврзаност“.

Еврокомесарот за транспорт и мобилност Апостолос Цицикостас порача дека се неопходни континуирани инвестиции во железницата, патиштата, пристаништата и аеродромите во целиот регион.

„Само јавното финансирање не е доволно. Потребно е да се мобилизираат партнерства меѓу владите, меѓународните финансиски институции и приватниот сектор“, истакна тој, додавајќи дека успехот на проширувањето на ТЕН-Т мрежата зависи од регионалната соработка и прекуграничната ефикасност.

Како што јави известувачот на МИА од Солун, на самитот учествуваат претставници од седум европски држави и меѓународни финансиски институции.

Николоски во Солун на Самит за инвестиции во транспортната инфраструктура

Македонија ја претставува заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој ќе учествува на панел-дискусија за приоритетите во инфраструктурата и инвестициите во Западен Балкан, со посебен фокус на коридорите 8 и 10.

Николоски во рамки на самитот ќе оствари и повеќе билатерални средби.

Самитот е организиран од Министерството за инфраструктура и транспорт на Грција, Транспортната заедница, Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка, со поддршка на Инвестициската рамка за Западен Балкан.

 

Најнови вести од: Регион

Северина со емотивен текст се прости од Ведрана Рудан

– Ведрана, како сте вие, треба ли нешто? – ја прашав едвај задржувајќи ги солзите што само течеа. – Ништо, Севе, само и понатаму еби им мајката на сите – раскажува Северина дел од своите спомени со својата пријателка, писателката Ведрана Рудан

Шестмина повредени во пожар во хотел во Албанија, петмина од Косово

Според прелиминарните податоци, пожарот првично избувнал во барот на првиот кат од зградата, а потоа се проширил на вториот кат, каде што работел хотелот. Од повредените туристи, петмина се од Косово.

To top