Регион

Николоски во Солун на Самит за инвестиции во транспортната инфраструктура

Ќе се обрати на панелот „Остварување на проширувањето на TEN-T: Приоритети на инфраструктурата и инвестициски предизвици во Западен Балкан“, каде ќе ги претстави тековните и идните проекти во патната и железничката инфраструктура на коридорите 8 и 10 и ќе укаже на важноста од координиран пристап за инфраструктурното поврзување

 

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска ќе учествува на Самитот за инвестиции во транспортот „Обезбедување раст и конкурентност преку поврзување“ што ќе се одржи денеска во Солун, во организација на Министерството за инфраструктура и транспорт на Грција, Транспортната заедница, Европската банка за обнова, развој и Европската инвестициска банка, со поддршка на Инвестициската рамка за Западен Балкан.

Николоски ќе се обрати на панелот „Остварување на проширувањето на TEN-T: Приоритети на инфраструктурата и инвестициски предизвици во Западен Балкан“, каде ќе ги претстави тековните и идните проекти во патната и железничката инфраструктура на коридорите 8 и 10 и ќе укаже на важноста од координиран пристап за инфраструктурното поврзување.

Како што изјави претходно Николоски, во Солун на средбата на највисоко ниво меѓу Македонија, Грција, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска, во присуство на европскиот комесар за транспорт и мобилност, Апостолос Цицикостас, ќе биде потврдена важноста на инвестициите во Коридорот 10.

На Самитот, чиј домаќин е грчкиот министер за инфраструктура и транспорт Христос Ставру Димас, ќе учествуваат Матеј Закоњшек, директор на Постојаниот секретаријат на Транспортната заедница, Марк Боуман, потпретседател за политика и партнерство во Европска банка за обнова и развој, Роберт де Грот, потпретседател на Европската инвестициска банка, претставници на приватниот сектор ,…

На маргините на Самитот, Николоски ќе има билатерални средби со српската министерка за градежништво, транспорт и инфраструктура Александра Софронијевиќ, косовскиот министер за инфраструктура Димал Баша, високи претставници на ЕБОР и на други меѓународни финансиски институции,…

Во фокусот на Самитот се имплементацијата на проширувањето на TEN-T, коридорот Западен Балкан-Источен Медитеран, Планот за раст за Западен Балкан. Собирот е можност за координација на донаторите, подготовка на проекти, јавно-приватно партнерство, во насока на финансирање одржлива, отпорна и подобро поврзана транспортна инфраструктура.

„ Западниот Балкан и соседните региони на ЕУ работат на развој на побезбедни, позелени, поотпорни и подобро поврзани транспортни мрежи усогласени со европските стандарди. Иако Планот за раст за Западен Балкан обезбедува значителна поддршка поддржана од ЕУ, вкупните инвестициски потреби во транспортниот сектор остануваат значително повисоки. Затоа, на самитот ќе се разгледа како да се подобри координацијата на донаторите, да се зајакне подготовката на проекти, да се зголеми учеството на приватниот сектор и да се претворат приоритетите за поврзување во конкретни инвестиции – велат организаторите.
Извор: МИА

Најнови вести од: Регион

Атина и Софија потпишаа Меморандум за враќање на 48 реликвии во Грција и пренесување на останките на цар Самоил во Бугарија

Меморандум за разбирање со кој во Грција се враќаат 48 реликвии од два грчки манастири и од една црква што над 100 години биле изложени во Националниот историски музеј во Софија, а Грција ќе ѝ ги предаде на Бугарија останките на цар Самоил, потпишале денеска министрите за култура на двете земји, Лина Мендони и Евтим Милошев, јави дописничката на МИА од Атина.

Стерјовски на Самитот за мир во Тирана: Нашите идентитети не треба да бидат ѕидови што нè делат, туку мостови што нè поврзуваат“

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, учествуваше на Меѓународниот самит за мир, што се одржа во Тирана, посветен на темата „За верскиот соживот во Албанија“. Тој истакна дека верскиот соживот претставува една од значајните вредности на албанското општество, која треба да се зачува и да им се пренесе на идните генерации.

Кога стартува ЕТИАС и што значи тоа за македонските граѓани?!

Македонските граѓани кои планираат патувања во земјите од Европската Унија наскоро ќе соочат со уште една нова административна процедура пред да тргнат на пат. По пристапувањето кон Влезно-излезниот систем на ЕУ (EES), вниманието на јавноста и патниците од регионот се насочува кон ЕТИАС (ETIAS) – електронскиот систем за овластување за патување, наменет за сите државјани […]

Најнови вести

To top