Првиот натпревар меѓу фудбалерите на Вардар и на Купс од Финска на стартот од квалификациите за Лигата на шампионите ќе се одигра на 7 јули од 19 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, а реваншот е на 14 јули од 18 ч. во Куопио.
Победникот од двомечот во втората квалификациска рунда ќе ги одмери силите со подобриот меѓу азербејџански Сабах и велшки Њу сајантс (ТНС).
Ако не успеат во двомечот со Финците, „црвено-црните“ ќе се преселат во Конференциската лига, кадешто во третото квалификациско коло ќе играат против подобриот меѓу Арарат од Ерменија и Рига од Летонија.
Вицешампионот Шкендија во првиот дуел со Европа од Гибралтар во квалификациите за Конференциската лига ќе гостува на 9 јули од 19 часот, возвратниот дуел е закажан за 16 јули од 19. ч во Скопје.
Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, исто така во квалификациите за Конференциската лига прво на 9 јули од 18 ч. ќе игра против Динамо Минск на неутрален терен во Стара Загора, Бугарија, а реваншот е закажан за 16 јули од 19 ч. на комплексот на Фудбалската федерација на Македонија.