Македонија

Почнува летото

Денес е најдолгиот ден во годината

Летото на северната хемисфера, а со тоа и во Македонија, календарски започнува денеска, на 21 јуни, во 10 часот и 24 минути. Со настапувањето на летната краткоденица, денешниот ден е најдолг, а ноќта најкратка во годината.

Овој астрономски момент означува почеток на летната сезона, кога Сонцето ја достигнува својата најсеверна положба на небото во однос на Земјата. Во истиот момент, на јужната хемисфера започнува зимата.

Во наредните месеци следуваат повисоки температури, повеќе сончеви денови и активности на отворено. Летото традиционално се поврзува со годишните одмори, патувањата, престојот покрај море, езеро или планина, како и со повеќе време поминато во релаксација и дружење со семејството и пријателите.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top