Македонија

За Филипче и СДС патот до Брисел поминува преку Софија

Филипче со своите јавни настапи и поддршката за уставни измени се приближувал кон позициите на бугарските власти

ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно упати критики кон претседателот на СДС, Венко Филипче, обвинувајќи го дека ја продолжува политиката на поранешниот партиски лидер и премиер Зоран Заев и дека е подготвен на нови национални отстапки за да дојде на власт.

Според партиското соопштение, залагањето на Филипче за внесување на Бугарите во Уставот претставува продолжение на, како што наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, „траекторијата на национални отстапки“ што ја следела СДС.

Од партијата потсетуваат дека последните уставни измени биле поврзани со промената на името на државата и ја обвинуваат претходната власт дека со ветувања за европска иднина ја довела Македонија во состојба на блокиран евроинтегративен процес.

„Филипче сега се обидува да го наметне истото сценарио со Бугарија“, се наведува во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека ставовите на официјална Софија за македонскиот јазик, идентитет и историја се спротивни на македонските национални интереси. Според партијата, Филипче со своите јавни настапи и поддршката за уставни измени се приближувал кон позициите на бугарските власти.

Во соопштението се наведува и дека лидерот на СДС со месеци се обидувал да воспостави политичка блискост со Бугарија и со бугарскиот претседател Румен Радев, откако, според ВМРО-ДПМНЕ, добил негативни пораки од граѓаните на последователните изборни циклуси.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека Филипче е подготвен веднаш да ги поддржи уставните измени за внесување на Бугарите, без дополнителни гаранции за идентитетските и историските прашања.

„Филипче ги следи комплетно истите чекори на Заев“, тврдат од партијата, додавајќи дека неговите изјави оти македонскиот идентитет не е загрозен се спротивни на условите што Бугарија ги поставува во процесот на европската интеграција.

Партијата упати обвинувања и кон раководството на СДС, наведувајќи дека негови претставници одржувале комуникација со лица кои, според ВМРО-ДПМНЕ, шират бугарска пропаганда во Македонија. Во соопштението не се наведуваат конкретни имиња или дополнителни докази за овие тврдења.

ВМРО-ДПМНЕ порачува дека граѓаните нема да дозволат нови национални отстапки, редефинирање на македонската историја и понатамошно, како што велат, обезличување на државата.

„Народот сака предвидлив евроинтегративен пат, со јасни црвени линии“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Љутков го следеше изгрејсонцето на летната долгоденица на Кокино

Особено впечатлив е феноменот на летната долгодневица, кога од точно определена точка на локалитетот изгрејсонцето може да се набљудува низ специфичен карпест процеп, што претставува една од најпрепознатливите особености на Кокино

Бојковска: Доказ за посветеноста на Владата кон европскиот пат е исполнетоста на Реформската агенда

Нашата задача од првиот ден беше да бидеме први во регионот, не само да исполнуваме, туку да докажеме дека Македонија не мора секојпат да потклекнува, не мора секојпат да моли, туку да биде и пример како може да се победува

To top