Свет

“Е*и го Клуни“: Синот на Бајден удри по актерот

Прославениот актер беше еден од првите истакнати демократи кои јавно го повикаа Џо Бајден да се откаже од претседателската трка

Една година откако Џо Бајден се откажа од трката за реизбор, неговиот син Хантер го нападна актерот Џорџ Клуни затоа што водеше јавна кампања со која го повикуваше тогашниот претседател да се откаже од трката.

„Е*и го. И сè во врска со него“, рече помладиот син на Бајден во интервју исполнето со вулгарности со независниот новинар Ендру Калаган, кој има 3 милиони претплатници на YouTube.

„Дали навистина мислите дека во средна Америка, на тој гласач во Грин Беј, Висконсин, му е гајле што мисли Џорџ Клуни за тоа за кого треба да гласа?“, рече хантер Бајден во подкаст со Џејми Харисон, поранешниот претседател на Демократскиот национален комитет.

Клуни беше еден од првите истакнати демократи кои јавно го повикаа Џо Бајден да се откаже од претседателската трка, само три месеци пред изборите. Бајден, тогаш 81-годишен, се соочуваше со растечки сомнежи во сопствениот табор по катастрофалната дебата со Доналд Трамп.

>> Џорџ Клуни: Бајден треба да се пензионира, а не човекот што беше пред четири години

„Го сакам Џо Бајден. Но ни треба нов кандидат“, беше насловот на есејот на Клуни, објавен во „Њујорк тајмс“ на 10 јули 2024 година. Актерот и продуцент, добитник на Оскар, раскажа дека го видел претседателот на холивудска хуманитарна акција еден месец претходно.

„Го сметам за пријател и верувам во него… Тој доби многу од битките со кои се соочи во изминатите четири години. Но, единствената битка што не може да ја добие е битката против времето“, напиша Клуни. Помалку од две недели подоцна, на 21 јули, претседателот го објави своето повлекување од трката.

Најнови вести од: Свет

Нови проценки од „Голдман Сакс“ – Дали следува поевтина нафта?!

Според новите проценки, причините за намалување на прогнозата се поврзани со очекувањата за послаба економска активност во одредени региони, како и со стабилизирање на снабдувањето на пазарот. Дополнително, геополитичките фактори, како и одлуките на големите производители на нафта, продолжуваат да имаат силно влијание врз цените.

Зошто светската енергетска криза ќе трае долго?!

Дури сега светот ќе се соочи со недостиг од нафта, бидејќи Иран во меѓувреме ефикасно го блокираше Ормускиот теснец, клучна поморска рута низ која поминува петтина од светските потреби за нафта, како и големи количини течен природен гас.

Бивш амбасадор на САД: Војната со Иран е стратешка грешка од историски размери

Иво Далдер нагласи дека изјавите на Трамп, во кои тој објавува дека САД можеби нема да ги бранат сојузниците од идна воена агресија од страна на Русија или други противници, ја дестабилизираа алијансата и го потресоа глобалниот поредок

To top