Хроника

Врсници тепале малолетник во училиштен двор во скопски Бит-Пазар и го снимале со мобилен, па објавиле на интернет

Неколку малолетници нападнале дете во двор на основно училиште во Скопје. Нападот бил снимен со мобилен телефон, а снимката потоа била објавена на интернет.

Малолетник бил физички нападнат од неколку врсници во двор на основно училиште на Бит-Пазар во Скопје. Насилството не завршило со нападот – друг малолетник го снимил инцидентот со мобилен телефон и ја објавил снимката на социјална мрежа. Според полицискиот билтен, нападот се случил на 9 октомври, во доцните вечерни часови, а случајот бил пријавен на 15 октомври.

„На 15.10.2026 во 10:30 часот во СВР Скопје, Д.Л.(43) пријави дека на 09.10.2026 во доцните вечерни часови во двор од основно училиште на подрачјето на Бит-Пазар, малолетник бил физички нападнат од неколку малолетници, од кои едниот го познавал, а друг малолетник го снимил настанот со мобилен телефон и го објавил на социјална мрежа“, соопшти МВР.

Полицијата не прецизираше дали нападнатото дете се здобило со повреди, ниту на која социјална мрежа била објавена снимката. „Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

(Фотографијата е создадена со помош на вештачка интелигенција)

„Нетпрес“

Најнови вести од: Хроника

ОЈО Скопје за „Алта банка“: Предмети отвораме на докази, а не на барања на политички партии – СДСМ му се заканува на Савески!

„Савески навреме нека се огради од Мицкоски и нека почне да си ја врши работата во интерес на граѓаните на Македонија, бидејќи во спротивно го чека истата судбина како неговите колеги во Србија!“ – се закани СДСМ преку својата портпаролка рече Богданка Кузеска.

УГД им го стави во мирување работниот однос на двајцата осомничени вработени за злоупотреби со студентски оценки

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип информира дека го става во мирување работниот однос и им се одзема пристапот во електронскиот систем на двајцата вработени против кого Основното јавно обвинителство-Штип поведе постапка за злоупотреба на службената положба и компјутерска измама.

To top