Бизнис

Одобрена апликација на УНИБанка за шемата СЕПА кредитен трансфер од страна на Европскиот совет за плаќања

Апликацијата на УНИБанка АД Скопје за СЕПА кредитен трансфер шемата е одобрена од Европскиот совет за плаќања и Банката ќе биде вклучена во Регистарот на учесници за СЕПА кредитен трансфер на 08 август 2025 година. Во периодов Банката интензивно работи на сите неопходни процеси со цел техничка интеграција, со цел да им ја овозможи на […]

Апликацијата на УНИБанка АД Скопје за СЕПА кредитен трансфер шемата е одобрена од Европскиот совет за плаќања и Банката ќе биде вклучена во Регистарот на учесници за СЕПА кредитен трансфер на 08 август 2025 година.

Во периодов Банката интензивно работи на сите неопходни процеси со цел техничка интеграција, со цел да им ја овозможи на своите клиенти услугата СЕПА кредитен трансфер.

УНИБанка како дигитална финансиска институција континуирано вложува и инвестира во нови напредни технологии кои го подобруваат корисничкото искуство. Истовремено се усогласува и со европските стандарди и регулативи потврдувајќи го својот епитет на современа европска банка.

Сето ова придонесува Банката да функционира како партнер на своите клиенти и да ги поддржува во секоја фаза од нивниот развој, како локално така и на меѓународно ниво.

Најнови вести од: Бизнис

Мал пазар, голема можност: Мукаетов на 25. Конференција на Македонската берза

Од развојот на „Алкалоид“ и улогата на пазарот на капитал до можностите што ги отвораат интернационализацијата, иновациите и новите технологии – ова беа дел од темите на специјалниот разговор со Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов, на 25. Конференција на Македонската берза.

(Фото): Силни пораки од конференцијата на Македонската берза

Во Македонија има капитал подготвен да влезе во хартии од вредност. Ако нема добри домашни инвестициски прилики – логично е тој капитал целосно да оди во странство, истакна главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев, говорејќи на јубилејната 25. Годишна конференција што се одржува во Охрид.

To top