Бизнис

Македонија и Турција пред голема цел: Две милијарди долари трговска размена

Бизнис форумот во Истанбул отвора нов поглавје за инвестиции и економска соработка

Билатералната трговија меѓу Македонија и Турција моментално изнесува околу 1 милијарда американски долари годишно.

Турција се наоѓа на седмата позиција меѓу најважните трговски партнери на земјата, а во моментов во Македонија активно работат над 3.000 турски компании.

Македонско-турскиот бизнис форум што неодамна се одржа во Истанбул ја означи новата фаза во економските односи помеѓу двете држави. Настанот, на кој присуствуваа високи владини претставници, стопански комори и бизнисмени, заврши со амбициозна заедничка цел – удвојување на трговската размена на 2 милијарди долари.

Лична поддршка од Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган лично ја пренел пораката дека турските компании треба да гледаат на Македонија како сериозна инвестициска дестинација. Оваа порака македонскиот премиер Христијан Мицкоски ја пренесе по средбата со Ердоган.

Владата ја гледа оваа соработка како важен инструмент за борба против иселувањето. Преку креирање на квалитетни и добро платени работни места се надеваат дека дел од иселените граѓани ќе се вратат. Прв конкретен резултат е инвестицијата на Џаво Отомотив во ТИРЗ Тетово.

Инфраструктура и енергетика – клучни полиња

Министерот за транспорт Александар Николоски постигна важни договори за подобрување на транспортните врски. Се работи на нови коридори кои треба значително да го забрзаат и поевтинат превозот на стоки.

Од 2 јули започнува и директната авиолинија Анкара – Скопје која ќе ја оперира турската компанија AJet. Оваа линија се очекува да го зголеми и туристичкиот и бизнис сообраќајот.

Во железничкиот сообраќај е договорена соработка меѓу турските ТЦДД и македонските железници, што ќе овозможи поефикасен карго транспорт.

Енергетика и рударство

Турските компании покажуваат сериозен интерес и за енергетскиот сектор. Македонската министерка за енергетика Сања Божиновска презентирала можности за инвестиции во обновливи извори и рударство.

Мапа за инвестирање

Централен дел од форумот беше промоцијата на „Мапата за инвестирање во Северна Македонија“, која ги прикажува сите развојни зони и сектори со најголем потенцијал.

Документот е наменет да им помогне на инвеститорите брзо да ја разберат можностите во земјата.

Директните Б2Б средби помеѓу компаниите донесоа конкретни контакти во областа на индустријата, логистиката и производството.

Организаторите оценуваат дека форумот бил многу практичен и резултатен.

Во услови на остра регионална конкуренција за турски инвестиции, Македонија со оваа посета и постигнатите договори успешно се позиционира како сериозна и атрактивна дестинација.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top