Македонија

Мицкоски му одговори на Таравари, кој бараше „гаранции за ЕУ“ и за „Бугари во устав“: Гаранција за ЕУ е конечен раскин на договор со „Ѓока констракшн“!

„Нема поголема гаранција за евроинтегративниот пат на државата од конечното раскинување на договорот со фирмата „Ѓока констракшн“, ја коментираше премиерот Христијан Мицкоски синоќешната изјава на челникот на неговото крило во Алијансата за Албанците Арбен Таравари, кој самиот се понуди дека „подготвен да влезе повторно во Владата со задоволување гаранции околу евроинтеграциите“. „Основниот предуслов е гаранција за уставни измени и почеток на преговорите со ЕУ.“ – кажа „јасно и гласно“ Таравари. Инаку „Ѓока Констракшн“, компанија од Албанија, е поврзувана со фирмата на Дрин Ахмети, внук на лидерот тогаш владејачката ДУИ – Али Ахмети, при преземањето на трговскиот центар „Соравија“ а своевремено беше единствениот понудувач на тендерот за јавно-приватно партнерство за паркингот на Клиничкиот центар, кога министер за здравство беше Арбен Таравари.

Ако „Ѓока Констракшн“ го добиеше договорот за јавно-приватно партнерство, паркингот ќе поскапеше речиси двојно, а од годишниот приход компанијата ќе ѝ исплаќаше на државата само еден отсто. Оваа фирма е поврзана со истраги во соседна Албанија во врска скандали за местење тендери. Таравари мораше под притисок да го поништи тендерот за скопскиот Клинички центар, по што албанските медиуми објавија дека „останал должен“ и барал решение за проблемот од политичари во Тирана.

Синоќа во емисијата „Дебата на ТВ Шења“, прашан дали може да се случи враќање на Алијанса за Албанците во Владата, Таравари изјави дека е „понижувачки да се влезе од каде што си заминал“, но „не ја исклучи можноста да влезе пак во владата ама само да се случи со нов договор“. Таравари„категорично нагласи“ дека „основниот предуслов се гаранции за уставни измени и почеток на преговорите со ЕУ“ и „енергично додаде“ дека „во спротивно нема што да се разговара“!

Прашан од новинарите за тоа кој бил најуспешен, а кој неуспешен министер во неговиот кабинет, но и дали има место за нови коалициски партнери, премиерот Мицкоски најави дека големиот „владин ремонт“ е веќе започнат. Тој потврди дека во моментов засилено се одвиваат преговорите за реконструкција на Владата и побара уште само малку трпение од јавноста, најавувајќи дека само за неколку дена сè ќе биде целосно познато и разјаснето.


Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top