Хроника

Скопјанец се претставил како италијански лекар за да „џапне“ 35.000 евра

Мета му била повозрасна жена

Поради сомнение дека се обидел да изврши кривично дело „измама“, 45-годишниот скопјанец Н.Д. бил лишен од слобода во Крива Паланка, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

„Претходно, едно лице ѝ се јавило телефонски на повозрасна жена од Крива Паланка. Се претставило како лекар од Италија. Ја известило дека нејзината ќерка паднала во Италија и се здобила со повеќе скршеници на нога и вилица и дека ќе треба да даде 35.000 евра за да ѝ биде направена операција. Бидејќи немала толку пари, се договорила со него да ги даде сите пари што ги има дома, но, во меѓувреме, се јавила на зет ѝ кој ја советувал да се јави на полиција, по што полициски службеници го затекнале лицето и го лишиле од слобода во близина на нејзиниот дом“, информираа од МВР.

Скопјанецот бил задржан во полициска станица.

Од МВР додадоа дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести од: Хроника

Доживотен затвор за серискиот убиец Трајко Бојковски, поради четири убиства и два обида за убиство на жени

Основниот суд во Куманово денеска ја изрече пресудата за Трајко Бојковски, обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени во регионот на Старо Нагоричане. Судот го осуди Бојковски на казна доживотен затвор, со што заврши првостепената судска постапка која предизвика голем интерес во јавноста.

Од 12 октомври 2026 започнува „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од понеделник (12.10.2026), системот за сообраќаен надѕор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид, односно и во Струга, Кичево и во Дебар.

To top