Лина Ѓорческа го постигна најголемиот успех на македонскиот тенис, откако обезбеди место на главниот турнир на најпрестижниот Гренд слем турнир, Вимблдон. По големиот успех, нашата тенисерка истакна дека ова е остварување на сонот.
Лина ќе освои најмалку 110 илјади евра со влезот меѓу 128 тенисерки на Вимблдон
„Горда и среќна сум за сите овие денови на Вимблдон. Доаѓам од мала земја и горда сум што сум единствената во историја, и во машка и во женска конкуренција, која се изборила за место на главниот турнир. Ова за мене е остварување на сонот. Не е лесно да си од мала држава, поради целата логистика, условите за тренинг и финансискиот дел. Но, кога ќе стигнеш тука, даваш 100 проценти од себе за да успееш, а на крајот сето тоа носи резултат. Можеби доаѓам од мала земја, но ние сите имаме огромно спортско срце.“
Историски успех: Лина е првата Македонка во главниот турнир на Вимблдон