Македонија

Османи се дрзна да ја обвини претседателката на државата за популизам

„Популизмот можеби носи поени за денес, но ѝ штети на државата утре. А од една професорка, сепак се очекува барем основно познавање на материјата, реагираше екс-министерот за надворешни и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи. Гордана Сиљановска-Давкова синоќа му порача дека екс-министерот за надворешни работи си ги пречекорил овластувањата. Сињановскја Давкова го критикуваше Османи за пречекорување […]

„Популизмот можеби носи поени за денес, но ѝ штети на државата утре. А од една професорка, сепак се очекува барем основно познавање на материјата, реагираше екс-министерот за надворешни и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи.

Гордана Сиљановска-Давкова синоќа му порача дека екс-министерот за надворешни работи си ги пречекорил овластувањата.

Сињановскја Давкова го критикуваше Османи за пречекорување на овластувањата во однос на протоколот што е дел од Преговарачката рамка со ЕУ, потенцирајќи дека „не може протокол да биде дел од рамка“, и изрази сомнеж за начинот на кој тој го потпишал овој документ.

Претседателката вели дека доколку Заедничката мултидисцилинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу  Македонија и Бугарија не ја заврши работата и не постигне консензус за отворените прашања меѓу Скопје и Софија за историјата тогаш приказната со евроинтеграции на земјава нема да заврши, односно ќе биде причина за ново вето од Бугарија.

Османи констатира дека претседателката, како што вели, наместо да ја користи својата функција за да ја поддржи европската иднина на државата, продолжува да шири дезинформации кои сведочат за сериозно непознавање на основните процедури на ЕУ.

„Преговарачката рамка не е документ што го потпишува министерот за надворешни работи, туку е усогласена и усвоена од сите 27 земји-членки на ЕУ, по што ја усвојува Владата и ја гласа Парламентот. Во нашиот случај, преговарачката рамка беше поддржана со 67 гласови во Собранието, вклучувајќи ја и содржината на протоколите“, објави Османи.

Најнови вести од: Македонија

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

To top