Спорт

Мартинели во последните секунди го одведе Бразил во осминафиналето на СП

Јапонија водеше на полувреме, но петкратниот светски првак, со пресврт во вториот дел, на крајот славеше со 2:1

Со голот на Габриел Мартинели во последните секунди од судиското дополнување, Бразил ја совлада Јапонија со 2:1 во Хјустон и се пласира во осминафиналето на Светското фудбалско првенство во САД, Канада и Мексико.

Кога се очекуваше дека ќе следуваат продолженија, Бруно Гимараеш го пронајде напаѓачот на Арсенал, а тој веднаш биеше во левиот дирек од јапонскиот гол, од кадешто топката се одби во мрежата за огромна радост на „кариоките“ и за исто толкава тага на Јапонците, кои водеа на полувреме со погодокот на Каишу Сано во 29. минута.

Израмни Касемиро со глава во 56. минута, најавувајќи ја опсадата на противничкиот гол до крајот на мечот, која на крајот даде резултат и петкратниот светски првак низ иглени уши се проби меѓу 16. најдобри селекции на мундијалот.

Следна пречка за составот на Карло Анчелоти на 5 јули во Њу Џерси ќе биде победникот од дуелот меѓу Брегот на Слоновата Коска и Норвешка закажан за утревечер од 19 часот по средноевропско време.

Најнови вести од: Спорт

Почнува главното – Комплетирани се сите двојки од нокаут-фазата на СП

Од овој дел од турнирот повеќе нема право на поправен испит – доколку по 90 минути нема победник, ќе се играат продолженија, а ако и тогаш резултатот остане нерешен, патникот во следната рунда ќе се решава со изведување пенали

Ракометарите на Вардар ги добија ривалите од групата во Лигата на шампионите

Македонскиот ракометен шампион Вардар на денешното извлекување на групите ги доби ривалите за новата сезона во најквалитетното натпреварување, а противници им се: француски Нант, германски Мелсунген и полската екипа Висла

To top