Македонија

Филипче му се заканува на Мицкоски со затвор

Според расположението на народот СДСМ е најнепопуларна во својата историја но од Бихаќка се закануваат

СДСМ денеска упати закана кон премиерот Христијан Мицкоски дека по завршувањето на премиерската функција ќе оди в затвор.

Во порака во која се цитира објава на Мицкоски но се споменува и синтагмата ,,затворите се нашите универзитети” СДСМ се заканува дека премиерот ќе биде затворен.

,,Мицкоски сака да се врати на факултет? Прво ќе мора да одговара за она што го направи со Македонија.

Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема намера да се кандидира за претседател на државата во 2029 година и дека по завршувањето на мандатот планира да се врати на факултет.

Значи, откако ќе ја ограби Македонија, ќе ја изолира од европскиот пат, ќе го постави своето судство и обвинителство, и ќе ја доведе државата до економски и институционален колапс, сака мирно да си замине и да се врати во академска кариера?

Нема да биде така!

Мицкоски не може да си замине како да не се случило ништо”, објави СДСМ од каде тврдат дека Мицкоски не може да си оди во пензија или на факултет откако, наводно ја довел Македонија во најтешка изолација во последните децении и ,,откако ја блокираше европската перспектива и откако ја претвори државата во плен на организирана криминална група”.

,,Времето на вистината и правдата доаѓа. Доаѓа моментот кога Македонија ќе се врати на европскиот пат, кога обвинителството ќе биде европско и независно, и кога ќе се бара одговорност од оние кои ја уништија државата.

А ние знаеме точно кој е шефот на оваа организирана криминална група која себе си се нарекува ВМРО.

Мицкоски може да сонува за враќање на факултет. Реалноста е дека пред тоа ќе мора да одговара за она што го направи со Македонија и со македонскиот народ.

Освен ако не мисли на онаа: „Затворите се нашите универзитети“, стои во објавата на СДСМ партија која беше на власт од 2017 до 2024 година и за огромен дел од јавноста го правеше токму тоа за што го обвинува сега Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top