Македонија

Африм Гаши хоспитализиран на Клиниката за хирургија

Бил примен нешто по полноќ, со сериозни болки и тегоби во стомакот

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, доцна синоќа бил примен на Клиниката за дигестивна хирургија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје.Информацијата за неговата хоспитализација ја потврди директорот на клиниката, проф. д-р Огнен Костовски, за Скопје1.

Тој изјави дека Гаши бил примен нешто по полноќ, со сериозни болки и тегоби во стомачната регија.

„Пациентот беше примен поради претплет на цревата. Состојбата внимателно се следи, а за сега не е планирана хируршка интервенција.

Се третира со медикаментозна терапија и е под постојан лекарски надзор“, ни изјави проф. д-р Костовски.

Засега нема официјални информации за тоа колку долго ќе остане на болничко лекување и дали неговата здравствена состојба ќе влијае на неговите активности како претседател на Собранието.

Најнови вести од: Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Скопје е ослободено! Не победив само јас, Скопје победи! Победи народот, кој никогаш не се откажува!

„Влегуваме во ново време, во време на работа и на дела, не на изговори. Ние нема да застанеме додека секој човек не се чувствува горд, што живее во своето Скопје.“ – порача преку општествената мрежа фејсбук новиот градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски.

ДИК ги објави првичните резултати: убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и во вториот круг

Според првичните резултати, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата водат во 21 општина, кандидатите на Коалицијата Вреди во четири општини, кандидатите на СДСМ и Коалицијата во три, додека Движењето ЗНАМ, Унија на Роми, Национална Алијанса за Интеграција – НАИ и Група избирачи Менди Ќура освоија по една општина.

Мицкоски: Падна митот дека Кичево е нивно или наше, тоа е на народот! Македонија може да биде пример на соживот, ред и напредок!

„Вечерва не славиме против некого. Славиме за Македонија. Славиме за новата енергија, што ја движи државата напред, за работата, за ред, за одговорност.“ – порача премиерот на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Кичево.

Вреди ја прослави изборната победа во Тетово: Го испративме Али Ахмети во политичка пензија, следи нов почеток!

„Време е Али Ахмети да поднесе оставка, а ДУИ да се реформира, ако сака да преживее како партија на политичката сцена.“ – посочи шефот на централниот изборен штаб на коалицијата Вреди Аднан Азизи.

Меџити: Граѓаните одлучија дека легитимитетот на Албанците го има коалицијата Вреди

Новиот претседател на општина Чаир и еден од лидерите на коалицијата Вреди Изет Меџити нагласи дека овие локални избори го урнаа тврдењето на Али Ахмети и неговите сопартијци од ДУИ оти „тие го имале легитимитетот на Албанците“.

Најнови вести

To top