Хроника

Ристова: До кога врсничко насилство, треба ли да ни се случи „Рибникар“?

Адвокатката зачудена како тоа родителите на децата што крвнички тепале 12.годишно девојче и тоа неколку пати по ред, не се одговорни за кривичното дело “Запуштање и малтретирање на дете”, затоа што не биле свесни за дејствијата што ги преземале нивните деца“

Адвокатката Маја Ристова со нова реакција на социјалните мрежи за случајот со врсничкото насилство во Штип, откако добила решение од Вишото јавно обвинителство од тој град со кое се потврдува одлуката на Основното јавно обвинителство дека нема основ за кривична одговорност на родителите на малолетниците кои учествувале во нападите врз 12-годишно девојче.

Девојче (12) од Штип тепано, клоцано, снимано со месеци, адвокатката Ристова ги гони родителите на насилниците и снимачите! (Вознемирувачко видео)

„Еве да видите дека не зборувам на памет кога пишувам дека државата нема да мрдне со мал прст за врсничките насилства, додека не ни се случи „Рибникар“, (мислејќи притоа на 14.годишниот Коста.К, момчето кое на 3 мај 2023 година уби десет лица и рани уште шест во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград)

Само што примив Решение од Вишото јавно обвинителство во Штип во кое се вели дека Основното јавно обвинителство во Штип правилно утврдило дека родителите на децата што крвнички тепаа друго дете и тоа неколку пати по ред, не се одговорни за кривичното дело “Запуштање и малтретирање на дете”, затоа што не биле свесни за дејствијата што ги преземале нивните деца“, вели Ристова.

Ристова остро ја критикува ваквата одлука, посочувајќи дека насилството траело три месеци и опфаќало физичко и психичко малтретирање, а според образложението на обвинителството тоа не било доволно за да се утврди континуирано и сериозно занемарување од страна на родителите.

Ејјјј, не биле свесни не ми се верува што читам. Требало да има континуирано и сериозно занемарување, а не ова? Што е ова? Го тепале три месеци, и психички и физички го малтретирале, ништо не е тоа. Требало да го избодат, скраја било. И ова пази „Фактот што детето самостојно превземало противправно дејствие не може да се квалификува како запуштање или малтретирање“. Каква порака се испраќа со ова? Ако овде нема одговорност, каде имаше и признанија и видео снимки, што со останатите насилства?“, посочи адвокатката.

Најнови вести од: Хроника

Најнови вести

To top