Македонија

АЛТА банка со нов потрошувачки кредит- Одобрување за 24 часа до 1.000.000 денари

Одобрување за 24 часа на средства до 1.000.000 денари

Одобрување за 24 часа на средства до 1.000.000 денари – АЛТА банка воведува нов потрошувачки кредит за вработени во јавниот и приватниот сектор, со фиксна каматна стапка, поедноставена постапка и јасни услови. Кредитот е наменет за клиенти на кои им е потребен брз пристап до средства, но истовремено сакаат предвидлива месечна обврска и транспарентни услови за отплата.

Фиксната каматна стапка изнесува 5,60% за рок на отплата до 95 месеци и 5,70% за рок на отплата до 120 месеци, што овозможува поголема сигурност при планирањето на личниот или семејниот буџет. Постапката не бара нотар и нема трошоци за солемнизација.

Дополнително, за рефинансирање кредити од која било банка, АЛТА Банка овозможува 0% провизија, а кредитот е достапен без задолжителни пакети. За нов ненаменски потрошувачки кредит се применува фиксна еднократна провизија од 5.000 денари, додека трошокот за апликација изнесува 800 денари. Со оваа понуда, АЛТА банка воведува поедноставен и поефикасен пристап до потрошувачко кредитирање, во кој клиентите добиваат брзина, јасни услови и поголема предвидливост при отплатата. Новиот кредит е дел од континуираната насока на Банката да развива практични финансиски решенија што одговараат на реалните потреби на клиентите и им овозможуваат полесно планирање на личните финансии.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Блокирани 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање

Министерството за дигитална трансформација информира дека до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) е доставен нов налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа. Со ова, вкупниот број записи опфатени со досегашните налози за блокирање достигнува 462. Со ова продолжуваат активностите за спречување на нелегалното приредување игри на среќа […]

Изгор цени во Охрид: Квадратот на атрактивните локации над 3.000 евра

​Најбарани се помалите и функционални станови од 40 до 50 квадратни метри со една спална соба за туристичко издавање. Покрај купувачите од цела Македонија, висок интерес покажуваат и пензионери од западноевропските земји, лица кои работат во странство како и дијаспората.

Народна банка со мерки за заштита на имотот на „Алта Банка“ и интересите на штедачите

Народната банка континуирано ја следи состојбата во Банката и ќе ги преиспитува воведените ограничувања во согласност со развојот на состојбата. За сите промени јавноста ќе биде навремено информирана преку официјалните канали на Народната банка.

До Брвеница и по неа

А СДСМ? Во првиот круг во Брвеница нивниот канидат заврши како четврти, по што објавија победа! Падна Александар Вучиќ во Србија, тие повторно прогласија победа. Претходно и во Унгарија исто така беа победници. Сега чекаме да видиме дали ќе прогласат победа и на изборите во САД? Секаде победуваат. Иако, во Македонија никако не сакаат да има избори

Филипче и Заеви си ја обновија лиценцата за бизнисот со струја

Регулаторната комисија за енергетика денеска објави дека, постапувајќи по барање на фирмата ФОС ИМЕРАС, извршила усогласување на правата и обврските утврдени во лиценцата за вршење на енергетската дејност производство на електрична енергија со Законот за енергетика.

Мицкоски на средба со раководството на Дојче Телеком: Дигиталната преобразба и технолошкиот развој – стратегиски приоритети на Владата на Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска заедно со владина делегација во состав на министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски како и директорот на ТИРЗ Гоце Димовски, остварија работна средба со Тимотеус Хетгес, главен извршен директор на Дојче Телеком и Доминик Лерој, Член на Управниот одбор на Дојче Телеком, ГИД за Европа.

Блокирани 104 веб-страници за незаконско коцкање преку интернет

Министерството за дигитална трансформација информира дека министерот Стефан Андоновски издал налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

To top