Македонија

Мицкоски речиси пет пати попопуларен од Филипче

Kај лидерите на политичките партии последниве години убедлива е предноста на Христијан Мицкоски во однос на останатите.

 

Владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер и натаму се во убедливо водство во однос на довербата на гласачите, покажува анкета на агенцијата Маркет вижн, по нарачка на порталот МКД.мк.

Анкета: Цела опозиција заедно далеку зад ВМРО-ДПМНЕ

И кај лидерите на политичките партии последниве години убедлива е предноста на Христијан Мицкоски во однос на останатите.

Изет Меџити и Билал Касами како претседатели на Влен имаат поголем рејтинг од Али Ахмети, лидерот на ДУИ кој е второпласиран и во предност пред претседателот на СДСМ, Венко Филипче кој so 5,1 проценти доверба заостанува речиси пет пати зад популарноста на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер, Мицскоски, чија популарноист меѓу анкетираните е 23,3 проценти.

Истражувањето беше спроведено во периодот од 10-27 јуни на примерок од 1.200 испитаници, репрезентативен според пол, возраст, етничка припадност, регион и тип на место на живеење согласно податоците од пописот на резидентното население од 2021 година.

Истражувањето е спроведено со методот CATI – Computer assisted telephone interview, односно телефонска анкета на примерок со големина што обезбедува интервал на доверба од 95% и маргина на грешка од +-3%.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова на Денот на армијата: Да имаме уште многу поводи за прослава на славната македонска армија!

Триесет и четири години потоа, со сигурност тврдам дека македонската армија не е почетничка, туку високо организирана воена формација со професионален интегритет, оперативна кредибилност, висока интероперабилност со сојузничките сили, војничка дисциплина и стаменост, што резултира со највисока доверба кај граѓаните и заслужена почит од сојузниците

Леон Мерсовски – Македонец, муслиман, вмровец кој не гледа противречност меѓу овие работи

Не сум Македонец со фуснота. Не сум Македонец под услов. Не сум половина Македонец. Не сум должен да положам дополнителен испит за македонство затоа што сум роден и воспитан во исламска вероисповед.
Јас сум Македонец.
Точка.

To top