Македонија

Илегални кампери ја загадуваат животната средина во близина на претседателската вила во Охрид

Покрај безбедноста на претседателската вила, најголем проблем, според локалното население, претставува испуштањето на хемикалии и отпадни води од возилата

Граѓани и посетители на Охрид изразуваат вознемиреност поради илегалното паркирање на кампери и рекреативни возила (РВ) на зелената површина во непосредна близина на хотел „Парк“, само на неколку метри од оградата на претседателската Вила „Билјана“.

Според снимките и сведоштвата на терен, бел камп-автомобил е паркиран меѓу дрвјата, на тревникот кој се наоѓа веднаш до хотелот.

Возилата, наместо да ги користат предвидените капацитети, се стационирани на локација која не е наменета за кампување.

Најголем проблем, според локалното население, претставува испуштањето на хемикалии и отпадни води од возилата.

Посебен безбедносен проблем е што возилата се наоѓаат на само неколку метри од оградата на државната резиденција.

И покрај тоа што на само 200 метри подалеку постои официјален камп за трејлери и кампери со соодветна инфраструктура, дел од сопствениците на РВ возила очигледно претпочитаат да се паркираат бесплатно но нелегално на јавна зелена површина.

„Ние плаќаме да се чува чистотата и да се заштитуваат вакви локации, а тие тука слободно фрлаат отпад и пуштаат хемикалии покрај претседателската вила. Тоа е недозволиво“, велат огорчени граѓани.

Граѓаните бараат итна интервенција на надлежните служби и институции и санкционирање на прекршителите пред сезоната да донесе уште поголем број на илегално паркирани возила кои ја загадуваат жувотната средина.

Охридскиот регион, како дел од УНЕСКО светското наследство, заслужува повисоко ниво на заштита и почитување на правилата, особено во близина на значајни државни објекти.

Најнови вести од: Македонија

Унгарскиот премиер Маѓар ја пречека Сиљановска-Давкова во Будимпешта

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, престојува во официјална посета на Будимпешта, каде што присуствува на високите државни и културни манифестации по повод одбележувањето на јубилејната 70-годишнина од Унгарската револуција од 1956 година

To top