Македонија

Видео: Одложено првото рочиште за криминалниот клан од Арачиново

Под силно полициско обезбедување

Под силно полициско обезбедување челниците на криминалниот клан Беланоца/Барон беа спроведени во скопскиот Кривичен суд, но рочиштето се одложи поради отстуство на тројца бранители.

Еден адвокат го известил судот дека е на одмор, вториот дека нема да присуствува поради тоа што ќерка му е болна, а третиот воопшто и не го информирал судијата дека нема да дојде.

Фанка Јанчулева која е главен судија во предметот, им порача да си најдат и втор бранител кој ќе може да ги застапува бидејќи нема да се доволи судењето да се одолговлекува.

На обвинителна клупа седнаа двајцата лидери на криминалниот клан, Фатљум Ајети – Тоте и Акив Рахмановски кои се товарат за осум убиства од 2020 до 2024 година. Полицијата собра докази дека тие како глава на нарко-картелот од зад решетки нарачувале убиства на нивните противници во скопското криминално подземје, во кои се вбројуваат двојното – во Шиша бар, кога беа ликвидирани Јетон Кривањева-Жила и Енес Исеинов –Лаци, членови на кланот Дуќанчик/Грчец кој важи за ривал на Беланоца. Убиството на Орхан Бајрами Оки во Ханиоти, ликвидацијата во Чаир со 57 куршуми на Камер Идризи, она во Синѓелиќ и ланското убиство во Батинци. Првото убиство за кое ќе одговара Тоте датира од 2020, кога понудил и платил 10.000 евра за ликвидацијата на Ибрахим Ајдини, затоа што се сомневал тој соработувала со институциите во предметот „Монструм“.

Уште седумина од групата на лидерот Тоте се товарат како соизвршители во убиствата, но и за други кривични дела, како – палењето автомобили на затворски полицајци, и за вршење притисок и закани кон нивните семејства.  Соработниците на двајцата шефови на Беланоца, организирано изнудувале пари од фирми, со закани, физички напади и палење на објекти..

Во групата има имиња кои одамна и се добро познати на јавноста , Гани Марку – како извршител на убиството во Ханиоти; Зулќуфли Нуредини – Мали Репки кој се поврзува со минатогодишното униствио во Батинци; и  Шенаси Мислани познат како Шенки Версаче, кој беше уапсен лани во декември кога полицијата го растури криминалниот клан. Тогаш министерот Панче Тошковски рече дека во акцијата  биле пронајдени околу половина милион евра, а од бункерите во Чаир и Арачиново македонската армија им извади пари, злато, и оружје..

Следното рочиште е закажано за средината на август.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

Клековски: Со бугарската министерка се согласивме дека случајот со Ива е правно, а не здравствено прашање

Македонскиот министер за здравство Сашо Клековски изјави дека за време на средбата со бугарската министерка за здравство во Софија била постигната премолчена согласност дека случајот со Ива Михаилова не е прашање од областа на здравството, туку од надлежност на правосудните институции.

Се разгледуваат две локации за новиот Клинички центар во Скопје – вложувања во здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево

Две локации во близина на болницата „8 Септември“ се разгледуваат за изградба на новиот клинички центар во Скопје, а преговорите за изборот на парцелата треба да завршат до крајот на годинава, најави премиерот Христијан Мицкоски. Истовремено, Владата подготвува инвестиции во три здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево, при што реализацијата на првиот проект би можела да започне во летото 2027 година.

To top