Македонија

Еден од идеолозите на СДСМ му даде апсолутна поддршка на Филипче

Тоа не се ништо освен спијачи, ‘слипери’ кои се будат само кога треба нешто да подриваат

Еден од идеолозите на СДСМ кој последниве години од времето на Заев зедно со таткото и синот Фрчкоски, Тричкоски и Ивон Величковски ја креира интелектуалната визија на СДСМ му даде апсолутна поддршка на лидерот Филипче.

Ненад Јовановиќ кој поради поддршката за промена на името во јавноста е познат и како Неџат,  на лидерот на СДСМ би му го дал своето дете на чување.

Јовановиќ кој вели дека добро ги познава сите членови на иницијативата за промени  во СДСМ смета дека се работи за трговци.

,,Во моменти кога СДСМ минува низ најсериозниот период на консолидација, јасно се гледа разликата меѓу оние кои се борат на терен за државата и партијата, и оние кои од удобните фотелји и матните политички кулоари се обидуваат да тргуваат со партискиот супстрат.

 

Давам целосна и недвосмислена поддршка за претседателот Венко Филипче во неговата мисија за обнова на социјалдемократијата во Македонија.

 

Тој покажа капацитет, издржливост и храброст да ја преземе одговорноста кога беше најтешко, за разлика од дежурните ‘критичари’ и самопрогласени ‘реформатори’ кои се будат само кога треба да се одработи за туѓи сметки”, пишува идеолошкиот лидер на СДСМ и порачува дека таканаречените реформски крила во СДСМ денес не се ништо повеќе од политички опортунисти.

 

,,Нивната цел не е силна и реформирана партија, туку слаба опозиција која ќе биде лесен плен за националистичката власт.

Нивната маска паѓа секој пат кога наместо да ги нападнат погубните политики на ДПМНЕ, тие удираат по сопствените сопартијци. Тоа не е реформа, тоа е класично саботирање.

Ги познавам добро денешните ‘реформатори’ на СДСМ: тоа не се ништо освен спијачи, ‘слипери’ кои се будат само кога треба нешто да подриваат. Кај широките маси и народот тие немаат никаква проѓа, ама во салонските кулоари глумат естетски куклички завиени во некаков лажен псевдо-интелектуализам.

Тоа се луѓе на кои никогаш во животот не би им дал еден осигурувач во домот да ми сменат, а уште помалку детето да ми го почуваат додека сум излезен на итна работа.

Е, на Венко би му го доверил моето дете на чување, а богами би му верувал дека осигурувачите за струја се добро наместени и работат, ако ме разбирате што сакам да кажам.

 

Од друга страна, училиште за лидер нема. Тоа се учи непосредно, на дневна основа, во секојдневна комуникација”, порачува Јовановиќ кој од СДСМ бара да се држи  до Венко.

 

,,Градете ја партијата и државата со Венко како лидер, оти во спротивно, да ми верувате во ова што ќе ви го речам: п’цета со маст не ве јадат!

И од друга страна, еден мал и зезнат детаљ (оти ѓаолот е во детаљот!): кога се оди по улица, посебно кога сакате да бидете опозиционери, земјата треба да се тресе! Треба да се зрачи со нешто кое го имате во себе, а тоа е достоинство, остар поглед и несекојдневна опуштеност, а не стрес, нервоза и пизма.

Треба да се биде начисто со себе и со светот кој ве опкружува. Само во таква констелација може да се прават вистински промени.

Инаку, за ваша информација: Црна Гора ќе летне во Европа, Албанија е следна, а ние?

Вака ако се продолжи, за нас ќе има само Црвен бан, ако ме разбирате што сакам да ви кажам.

Запомнете:

 

СДСМ има сила, кадар и историска обврска да застане на патот на ова назадување на земјата.

 

Под раководство на Венко Филипче, партијата ќе се исчисти од хипотеките на минатото и од оние кои ја гледаат организацијата како акционерско друштво за лични интереси. Битката за демократска Македонија продолжува, обединети и без компромиси со уценувачи.

 

Поддршка за Венко!”, пишува Јовановиќ.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Битола во силен развоен циклус – инвестиции, инфраструктура и проекти што го менуваат градот, рече Коњановски

Проект поддржан од Владата во вредност од над 40 милиони денари, со што ќе добиеме прекрасна спортска сала над 1000 метри квадратни за да можат нашите боксери кои нижат успеси да добијат адекватни услови за спортување. А тука создаваме можност и за тие кои се занимаваат со авантуристички спортови, рече Коњановски.

Се очекуваат 50 илјади лица на утрешниот концерт на Дејвид Гета по повод 35 години независност на Македонија!

Вратите на Градскиот стадион ќе се отворат утре во 17 часот. Претставници од Министерството за внатрешни работи и Авалон продукција денеска на прес-конференција апелираа до граѓаните да пристигнат навремено, да ги почитуваат насоките од полициските службеници.

„Дали ти изгледам како идиот?!“ – сопственикот на „Авалон“ кон новинарка, која праша колку ќе чини концертот на Дејвид Гета

Дали ти изгледам јас како идиот? Вака сопственикот на „Авалон продукција“ Бобан Милошески, ѝ се обрати на новинарка, која на денешната прес-конференција го праша зошто досега не е објавено во јавноста колку ќе чини настапот на Дејвид Гета. Ова го објави порталот „360 степени“

To top