Свет

Брисел воведува „флексибилен ЕЕС“, поради хаосот и многучасовните чекања на патниците на границите и аеродромите

Портпаролот на Европската комисија Маркус Ламерс денес изјави дека Комисијата воведува „дополнителна флексибилност и поддршка за земјите-членки на ЕУ во спроведувањето на системот EES“ со цел да се ублажат, како што изјави, „привремените застои на границите“.

Ламерс, исто така, изјави дека ЕУ веќе работи со земјите-членки за решавање на оперативните проблеми, вклучувајќи го недостатокот на персонал и потребата од повеќе техничка опрема на граничните премини. Тој најави дека утре најверојатно ќе се одржи состанок со претставници на воздухопловната индустрија на техничко ниво за да се разговара за сите предизвици на овој систем. Според него, придобивките од воведувањето на системот EES веќе се гледаат.

„Имаме нов систем што ни помага да идентификуваме биометриски податоци и да ги провериме вкрстено. Ова не е нешто што можевме да го направиме порано според стариот систем, каде што ги имавме овие печати. А сега веќе имаме 1.000 луѓе за неколку месеци кои ги идентификувавме како безбедносни ризици и кои како резултат на тоа не влегоа во ЕУ. Но, секако, многу внимателно го следиме и начинот на кој функционира новиот систем во пракса и се вложуваат сите напори за ограничување на влијанието врз патниците од надвор од ЕУ“, рече тој.

Ламерс ги отфрли новинарските наводи дека новиот систем систематски го продолжува времето на чекање за патниците и создава проблеми за граѓаните на ЕУ, нагласувајќи дека многу проблеми на границите постојат без оглед на имплементацијата на EES, а во исто време наведе дека тој носи значајни придобивки за безбедноста на граѓаните на ЕУ. Во случаи на преоптоварување, националните власти имаат овластување привремено да ја суспендираат дополнителната биометриска регистрација на лице место, како што се фотографирање и земање отпечатоци од прсти, но со задолжително спроведување на стандардни гранични контроли, забележува Ламер.

Комисијата нагласи дека ова не ги укинува граничните контроли, туку само го прилагодува темпото на регистрација за да се избегнат прекумерни доцнења за патниците. На прашањето кој одлучува за привремено суспендирање на системот ако се покаже дека е преоптоварен и не функционира, Ламер рече дека тоа зависи од националните власти. „Кога ќе видите дека има ситуација со време на чекање што ги надминува нормалните времиња, тогаш мора да одлучите на лице место дали може да се случи суспендирање на биометриската регистрација“, рече Ламерс, пренесе Танјуг.

Најнови вести од: Свет

Американски инвестициски фонд ја купува авиокомпанијата „Изиџет“ за 6,4 милијарди евра

Веднаш по отворањето на Лондонската берза, акциите на easyJet пораснаа за 10,5 проценти, што го одразува оптимизмот на инвеститорите за можното склучување на еден од најголемите зделки во европската авиоиндустрија оваа година.

Кинески функционер осуден на смрт, поради корупција од 1993 до 2023 година кога „заработил“ 324 милиони долари

Поранешниот висок локален функционер во кинескиот град Нанџинг Јанг Јулин денеска е осуден на смрт поради корупција, злоупотреба на службена должност, перење пари и други кривични дела.

To top