Хроника

Со остар предмет го ранила вонбрачниот сопруг, 30-годишна велешанка осомничена за обид за убиство

Триесетгодишна жителка на Велес е лишена од слобода под сомнение дека извршила обид за убиство врз својот вонбрачен сопруг

Триесетгодишна жителка на Велес е лишена од слобода под сомнение дека извршила обид за убиство врз својот вонбрачен сопруг.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 6 јули, околу 19:00 часот, полициски службеници од СВР Велес ја привеле Т.Д. (30) од Велес, откако во семејниот дом со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот 37-годишен вонбрачен сопруг.

Повредениот бил пренесен во Општата болница во Велес, каде му била укажана лекарска помош, додека осомничената била задржана во полициска станица.

Полициските службеници го пронашле и го одзеле предметот со кој било извршено делото, а за случајот бил известен јавен обвинител.

По целосното расчистување и документирање на настанот, против Т.Д. ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „обид за убиство при семејно насилство“, казниво по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Најнови вести од: Хроника

Груби не се чувствува виновен за случајот со „Државна лотарија“! – А што бидна со речиси 10 милиони евра?!

Поранешниот вицепремиер Артан Груби денеска пред Основниот кривичен суд Скопје изјави дека не се чувствува виновен за делото што му се става на товар во случајот за злоупотреби во АД „Државна лотарија“.

To top